Кој ја измисли иднината?

Големите писатели на научна фантастика од минатото секогаш биле и сè уште се инспирација на научниците. Ако случајно сте читале вакви дела или сте гледале од постарите sci-fi филмови, јасно ви е дека научната фантастика денес биднала научен факт. Да, тие писатели ја измислија иднината..

Оваа тематика Ridley Scott (Англиски режисер) ја спакувал во осум телевизиски епизоди за Science channel чија премиера се случи во ноември 2011-та година. Редли е најдобро познат по филмовите:  Alien (1979), Blade Runner (1982), Gladiator (2000), Kingdom of Heaven (2005), American Gangster (2007), Prometheus (2012). А оваа пакетче од осум документарци за научната фантастика и нејзината поврзаност со реалнсота се вика „пророштвата на научна фантастика (Prophets of Science Fiction).

Во 1950-та година писателот Исак Асимов прв го сковал поимот Robotics во книгата “I, Robot” и тоа е почетокот кога  колективната имагинација на луѓето се отвора за едно целосно ново поле засновано на науката. Во наредните години телевизијата, литературата и филмовите веќе јасно го рефлектираат оној факт дека имагинацијата може да прерасне во реалност. Документарниот серијал „пророштвата на научна фантастика“ се фокусира на тоа како големите пишувачи на научна фантастика ја замислиле иднината за нас и, како во многу случаи истата станала реланост. Нивните илузиони умови кои го замислиле она што никогаш не било видено предходно, станале и сè уште се инспирација за научниците да го направат реалност.

Во принцип, единственото нешто кое ти е потребно за измислиш иднина, е да замислиш нешто кое никогаш предходно не било замислено, а му е потребно на светот. Понатаму луѓето самите ќе најдат начин како тоа да го направат реално.

Во продолжение sci-fi складиштето на Think.mk ќе го прибере во својата база овој најнов серијал на документарци што ја разработуваат ваквата тематика. Уживајте!

Прва епизода:

Втора епизода:

Трета епизода:

Четврта епизода:

Петта епизода:

Шеста епизода:

Седма епизода:

Осма епизода:
<

Редоследот и датумот на премиерно пуштање на овој серијал на Science channel:

1 Mary Shelley 9 November 2011
2 Philip K. Dick 16 November 2011
3 H.G. Wells 23 November 2011
4 Arthur C. Clarke 30 November 2011
5 Isaac Asimov 15 February 2012
6 Jules Verne 22 February 2012
7 Robert Heinlein 29 February 2012
8 George Lucas 7 March 2012

автор

- outTake. Роден 1988 година во Куманово. Долгогодишен блогер, поет и автор на две публикувани книги. Ужива во sci-fi книги и филмови, футуризмот, психоделијата и добра Alt музика. [twitter]

напиши коментар

XHTML: You can use these html tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Ретровизор+

Ваши препораки
Close
Ни значи твојата поддршка
Доколку сакаш да нè следиш преку facebook кликни лајк,

во спротивно изгаси ја пораката со ескејп или клик на страна.
Прочитај повеќе:
article-2246600-1674F45B000005DC-32_634x324
Поларна игра

Поларната мечка во националниот парк Васпуск во Канада е фатена...

Грција ја чека меѓународен притисок во врска со Македонија
Грција ја чека меѓународен притисок во врска со Македонија

Со доближувањето на есента, Грција ја чека меѓународен притисок во...

unnamed
Не мора да живеете во Силициумската долина за да бидете основач на успешен стартап!

Глобалната заедница поддржана од Google for Entreprenеurs, Startup Grind, доаѓа...

плоштад-и-камени-мост
Ново вработување на работноспособните социјалци

35.000 работно способни социјалци, ќе добијат шанса за вработување во...

Close
The title of your home page