објавено во: пет, авг 10th, 2012

Катaрина Ивановска – како не се прави информација

Зошто ли во Македонија од тешки глупости се прави сензација? Па дали било тоа вистина или не сеедно!

И ете да не бидеме поразлични од другите кои пишуваат за Катерина Ивановска, оваа информација решивме паралелно да ја пренесеме со сè 100те цвеќиња кои ги добила како поклон на плажата Кадмо. Информацијата ја пренесе порталот libertas, кој зборувува за оваа тема како очевидец (без име и презиме), а знаеме дека ваквите теми, капацитетот и квалитетот на истите проценувајќи ги како валидна содржина е потпросечен.

“Веројатно претерувајки со алкохолот, како што тврди очевидецот, во еден момент Катерина наводно нападнала еден нејзин пријател газда на познато Скопско кафуле. Во инцидентот според изворот на Либертас настрадала аркадата на пријателот. За потврда или демант на инцидентот и Катерина и нејзиниот пријател беа недостапни за Либертас.”

Зошто ли турканицата на Кате е најважна информација, зошто не е поважно кои се нејзините следни ангажмани, но (најверојатно) за тоа што Катерина речиси исчезна од македонските медиуми и е незаинтересирана за информирање на истите како и на нејзините македонски фанови за она што во моментот и се случува со тековните ангажмани некој се дрзнал (најверојатно) исто пијан (или не?!) да пушува недоделкани работи за неа. Знаеме дека нејзиното име ќе донесе посетеност на порталот, па врз основа на тоа ја користиме македонската класична деконструктивистичка метода, “удри по грбот на другиот” – не боли!

“Нашата најпозната манекенка, топ моделот Катерина Ивановска на концертот на Антониа Морена на Градиште крај Охридското езеро, минатата сабота била со друштво на забавата. Очевидец за Либертас тврди дека Катерина била видно расположена и еуфорична понесена од музиката на светски познатата ди џејка.

Веројатно претерувајки со алкохолот, како што тврди очевидецот, во еден момент Катерина наводно нападнала еден нејзин пријател газда на познато Скопско кафуле. Во инцидентот според изворот на Либертас настрадала аркадата на пријателот. За потврда или демант на инцидентот и Катерина и нејзиниот пријател беа недостапни за Либертас.”

(Најверојатно) ве провоцира како читатели веројатноста на тоа дека секогаш во една таква информација која може да биде една реченица, со повторување на истата во форма на прераскажување (и тоа неколку пати) се добива (озборување, посетеност, гледаност), а всушност  НЕ текст кој би требало да биде објавуван, (па потоа споделуван, краден.. и тн), па затоа ете и ние вака транспарентно, на пошироко решивме  топ-тан (како другите) да си направивме ВЕСТ за Кате (како не!) – разберете како сакате!

Здодевна е политиката на македонските медиуми, тоа оддамна го знаете, ете ние застануваме овде и посакуваме уште многу успешни ревии на Катерина Ивановска, па нека пукне уште неколку аркади ако тоа им е интересно на македонските медиуми и читатели. За следните тепачки и боречките вештини кои ги поседува таа ние повеќе нема да информираме! :)

 

автор

- aka kihuPotru [1983] e концептуален уметник, поет и младински/ граѓански активист. Блогер, отворен за соработка. #culture #art #media

.

„Со матурирање, само законски ги третираат дека се писмени. Е, сеа, дали *стварно* се писмени...“ -@ordanoskiv

.


Реклами

ретровизор +

Нештата најдени на места каде што не треба да бидат

Нештата најдени на места каде што не треба да бидат

април 23rd, 2013

Вредните стари врамени слики во старите гаражи, пиратско богатство нај[...]

Случајно перверзни детски играчки

Случајно перверзни детски играчки

април 23rd, 2013

Овие играчки, кои ненамерно добиле сексуална конотација, успеале да го[...]

Скулптури од хартија

Скулптури од хартија

април 23rd, 2013

Allen Eckman и Patty Eckman се занимаваат со овој вид уметност од 1987[...]

6 бенефиции на Артичоката

6 бенефиции на Артичоката

април 22nd, 2013

Кога станува збор за зелениот зеленчук и благодетите кои произлегуваат[...]

Билките сакаат да слушаат хеви метал

Билките сакаат да слушаат хеви метал

април 22nd, 2013

Растенијата кои слушале хеви метал музика не само што развиле најубави[...]

Ваши препораки
Прочитај повеќе:
Chand Baori – Abhaneri, India
25 Невообичаени места кои постојат

Да, во прилог ќе ви презентираме места на планетата Земја...

cycle-skating-03
Како скејтаа луѓето во 1923-та?

Во Париз во 1923-та година се создал малку необичен спорт ...

n61443
Папагал што го викаат Ајнштајн

Папагалот Ајнштајн живее во зоолошка градина во САД и знае...

_64184244_nobelchoc3
Дали чоколадото ве прави паметни?

Јадењето чоколадо ги зголемува шансите за една нација да создава...

Close
The title of your home page