објавено во: пет, авг 17th, 2012

Сите ние сме Pussy Riot

Сигурно се сеќавате кога споменикот на советската армија во центарот на Софија, Бугарија пред една година беше декориран во форма на графит, а сите војници си добија важен лик од цртаните, анимираните и екранизираните ликови. Тогаш ги имаше Супермен, Џокерот, Робин, Дедо Мраз и многу други, но она што е најново е дека истите тие споменици од споменикот на советската армија повторно беа украсени, дотерани, декорирани.

Овој пат истиот споменик е ставен во друга функција: Сите ние сме: Pussy Riot!

Иако мислиме дека Бугарија, како земја комшија не е премногу развиена, овој графит ги затресе уметничките кругови во целиот свет. Станува збор за ангажирана уметност која носи подлабока порака, политички поткована и со многу споредни прашања/ одговори кои сами по себе се наметнуваат. Овој споменик т.е. војниците на овој споменик синоќа си добија по едно капче на главата со што ја симболизираат борбата на Pussy Riot, познатиот руски бенд кој има проблеми од сите страни поради начинот на промовирање на нивната музика и тематиката која ја обработуваат. Браво за Софија и уличните уметници таму, повторно им успеа да го кренат гласот високо и да дадат поддршка за оваа кауза.

Иако утринава уште во 08:00 часот сите капчиња во боја беа отстранети од главите на војниците, мисијата е завршена!

Знаеме дека Pussy Riot протестираа во храмот “Христос Спасителот” во Москва против претседателот Путин и поврзаност на црквата со државата. Во панк молитвата упатена кон Богородица пред неколку месеци девојките ја замолија да ја ослободи Русија од Путин. Се очекува денеска да биде изречена пресудата против нив. Обвинителството веќе побара ефективни казни за младите жени.

Има отворена петиција на која се придружуваат многу музичари од цел свет се со цел да ја поддржат нивната кауза за слобода во создавањето и интерпретацијата на нивната музика. Многумина бараат Марија, Надеж и Катерина да бидат ослободени веднаш!

Слободата на изразување е основно човеково право, заштитено од руското и меѓународното право. Тоталитарниот режим на Владимир Путин треба да се препознае, тој да го признае лошото владеење и да престане да ги тероризира своите граѓани. “Pussy Riot” е инспиративен симбол на борбата за демократија во Русија. Целата меѓународна заедница е должна да ја поддржи оваа акција против обидите на режимот да им ги затвори устите. До каде би стигнале инаку?!

Денес е Светски ден за поддршка на трите пејачки!

Настани во нивна заштита ќе има во Париз, Берлин, Лондон, Москва, Санкт Петербург, Мадрид, Барселона, Прага, Единбург, Даблин, Њујорк и на други места. Се очекува на настанот во Њујорк да присуствува и вдовицата на Џон Ленон, Јоко Оно, која оваа недела го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги ослободи овие три млади жени.

автор

- aka kihuPotru [1983] e концептуален уметник, поет и младински/ граѓански активист. Блогер, отворен за соработка. #culture #art #media

.

„Со матурирање, само законски ги третираат дека се писмени. Е, сеа, дали *стварно* се писмени...“ -@ordanoskiv

.


Реклами

ретровизор +

Wacken Open Air: Погласно од пеколот

Wacken Open Air: Погласно од пеколот

април 22nd, 2013

Wacken Open Air е летен хеви – метал фестивал на отворено, кој се [...]

Индексот на Тоше

Индексот на Тоше

април 21st, 2013

Не знаеме кој од каде го џапнал, како што обично бидува на интернетот,[...]

Мизерија од народ

Мизерија од народ

април 21st, 2013

Пишува: Кристијан Крстевски Подолго време размислував да напишам не[...]

FBA агентот кој го насмеа интернетот

FBA агентот кој го насмеа интернетот

април 21st, 2013

Видеото е снимено задвчера во Њу Џерси, а сега веќе разбра целиот инте[...]

Како да препознаете наркозависници

Како да препознаете наркозависници

април 21st, 2013

Приказнава почнува со една идеја на асистентот Зак Посентал од Дјук ун[...]

Ваши препораки
Прочитај повеќе:
111
25 хируршки зафати за отстранување на расизмот

Поранешниот скинхед Брајон Виднер решил да расчисти со своето мрачно...

hagar_not_easy_1024x768
Четириесетти роденден на стрипот „Хогар Страшниот“

Хогар Страшниот е главен лик на истоимениот стрип кој првпат...

1
Берлинските графити и рапот како инспирација

Одличен old school рап од Берлинските улици како и дел...

fast snail
Ептен Брза Храна!

Можеби не сте знаеле, но некои луѓе јадат полжави. И...

Close
The title of your home page