Мириса на Струшки вечери на поезијата
Се ближи новото фестивалско издание, 51 по ред на Струшките вечери на поезијата.
Почнува во четврток со традиционалното читање на песната „Т га за југ“, а завршува в недела со традиционалните поетски читања на „Мостот на поезијата“ во Струга.
Мите Стефоски, директорот на фестивалот за оваа година најави превод на англиски на поезијата од минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, делото „Забранетата книга“ на Веле Смилески која всушност ќе овозможи поширока рецепција на македонската поезија.
Фестивалско знаме е најновото нешто кое ни доаѓа од фестивалот, од сега натаму овој фестивал ќе има нешто со што ќе се гордее и ќе го покажува идентитетот и квалитетот кој овој фестивал го нуди пред светот. Знамето наскоро ќе биде промовирано за пошироката јавност.
Нови концепциски промени на најзначаните поетски приредби на фестивалот, кои ќе овозможат едно нивно реосмислување и надградување, вели Стефоски.
Промените се во интерес на што подобра фестивалска програма која преку телевизиските преноси стигнува насекаде. Гостите од државата и светот повторно ќе го оживеат струшкото небо, поезијата ќе се рашири по улиците на Струга. Поголеми промени директорот најави за следното издание, таму ќе има поголеми интервенции кои се од суштинско значење за поуспешен развој и еволуција на фестивалот.
Подготовките за истото ќе започнат веднаш по завршувањето на годинашната манифестација. И покрај краткиот период од назначувањето за прв човек на Струшките вечери на поезијата, Стефоски ќе се потруди целата таа препознатлива атмосфера која ја создаваат гостите да биде блиску до граѓаните на Струга, впрочем како и вообичаено.










































