објавено во: саб, сеп 8th, 2012

Храната и составот на човечкото тело

 

Органските соединенија од кои е составено просечното човечко тело вклучуваат разни облици на јаглехидрати, масни киселини, аминокиселини, нуклеински киселини и вода (која сочинува од 65% до 90 % од клеточната содржина), кои при определени меѓусебни комбинации претставуваат липиди, витамини, протеини, хормони и тн. Хемиските елементи присутни во човечкото тело се многубројни; само 6 од нив – кислородот (65 %), јаглеродот (18 %), водородот (10 %), азотот (3 %), калциумот (1,5 %) и фосфорот (1 %) имаат заеднички удел од 99 %. Во различни делови од организмот, уделите на органските соединенија и елементите во клетките/ткивата/органите, разбирливо, варираат со релативно високи разлики, што воедно ја задава и основата за нивното актуално класифицирање.

Разликите меѓу индивидуалните човечки единки во поглед на ваквиот состав, може да се должат на генетски и стекнати (негенетски) фактори.

Исхранувањето претставува значаен негенетски фактор во хемиско-физиолошките процеси кои го пропратуваат стареењето и развојот, притоа менувајќи ја хемијата и физиологијата на самите организми; самото исхранување инволвира нутрициенти кои може да бидат органски или неоргански соединенија, неопходни за сестраното правилно развивање на организмите. Наспроти исхранувањето, кое го определуваме како најзначаен егзоген фактор кој ја определува хемиско-физиолошката функционална ускладеност на организмите, метаболизмот претставува најзначаен ендоген фактор.

Инаку, просечното човечко тело со маса од 70 kg ги содржи следниве физиолошки интегрирани удели на ткива: 1) 45 % чиста телесна маса; 2) 25 % екстрацелуларни течности; 3) 17 % адипозно ткиво; 4) 13 % екстрацелуларни цврсти материи. Енергијата од консумираната храна од страна на организмот главно се складира во облик на триацилглицериди во адипозното ткиво, кое има стократно повеќе енергија од чистата маса. Притоа, енергетските вредности на протеините, мастите и јаглехидратите изнесуваат околу 440 МЈ, 34 МЈ и 4,3 МЈ, соодветно.

Најпрвин, нутрициентите со поделени на такви кои неопходат и неусловувачки нутрициенти. Овде ќе напоменеме дека кислородот и водата, и покрај функционално условувачката неопходност за организмот, претставуваат материи кои не се сметани за нутрициенти. Нутрициентите кои организмот мора да ги консумира се такви кои неговиот организам не може воопшто или во задоволителни количини по природен пат да ги синтетизира – витамините, минералите, некои аминокиселини и масни киселини, додека неусловувачки нутрициенти се: протеините, јаглехидратите, етанолот, мастите и некои аминокиселини. Овие неусловувачки нутрициенти може во позитивна или во негативна насока да влијаат врз функционирањето на системите на организмот, дури и на оние кои се најнепосредно врзани за процесите на дигестија, пренесување апсорбирање и „трошење“ на хранливите материи.

Оние хранливи состојки кои луѓето во најголема мера ги консумираат се наречени макронутрициенти (водород, азот, јаглерод, калциум, калиум, магнезиум, натриум, силициум, фосфор и сулфур, од кои магнезуимот, кациумот, фосфорот, сулфурот и натриумот заради својата неопходност се наречени и макроминерали), додека, пак, хранливите состојки кои во помала мера се застапени во исхраната се микронутрициенти (бакар, цинк, селен, манган, кобалт, јод, молибден, хром, железо, бор, натриум, хлор, никел и сите останати витамини и масти).

Дел од овие хранливи материи се одговорни за снабдувањето на организмот со енергија неопходна за неговото функционирање, додека оние кои припаѓаат на останатиот дел обезбедуваат подршка и одвивање на метаболитичките процеси. Помеѓу второнаведените пред се се вброени микронутрициентите (особено бакарот, железото и солите), потоа витамините кои функционираат како коензими или кофактори за разновидните телесни протеини, и на крајот би ја споменале водата како ликвид во кој доаѓа до распаѓање на органските соединенија.

Молекулите со кои се снабдуваат клетките може да бидат од различни големини и облици, при што нивниот интермембрански транспорт може да вклучува 3 типа протеински носачи-транспортери: унипортери, симпортери и антипортери. Притоа, преносот на материи може независно од транспортерите да биде организиран преку мембранските канали, додека насоката на нивното движење би се поклопувала со резултантната насока од електричниот и хемискиот градиент . Овде не би заборавиле ни на транспортот на молекулите со инволвирање на ATP пумпите во кои доаѓа до хидролиза на АТР што овозможува релативно брзо разнесување на материите спротивно од насоката на електрохемискиот градиент, како и на селективните и неселективните егзоцитози и ендоцитози кои подразбираат транспорт на макромолекулите со употреба на посебни вакуоли, односно везикули.

Генетски определениот состав на клетките егзактно ги определува уделите на органските и неорганските соединенија, односно на секој од елементите застапени во човековото тело. Од неорганските соединенија се најзначајни минералните соли најчесто дисоцирани на јони или пак, во раствор, чија улога во најголема мера е фокусирана во процесите на секреција, стабилизирање на протеините, мноштво процеси инволвирани во работата на катализаторите, стабилизирањето на осмотската рамнотежа меѓу клетките и РН рамнотежата што евидентно претставува предуслов за функционалната ускладеност на субентитетите во организмите која резултира со живот. Улогите на органските и неорганските соединенија во овој контекст се прилично рамноправни. Органските соединенија претставуваат групации од повеќе мономерни единици, кои ги изградуваат полимерите на протеините, нуклеинските киселини и полисахаридите, како најзначајни видови соединенија за функционалната ускладеност со неорганските, што е евидентно со оглед на фактот дека тие претставуваат единствени макромолекули кои можат меѓусебно да се соединуваат.

автор

- Автор на неколку книги и текстови од различен калибар, студент на Општа и компаративна книжевност и Филозофија, непрофесионален спортист колку што и професионален мислител, заинтересиран за објавување уште книги и текстови. markovskistefan@gmail.com

напиши коментар

XHTML: You can use these html tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Ретровизор+

Ваши препораки
Ни значи твојата поддршка
Доколку сакаш да нè следиш преку facebook кликни лајк,

во спротивно изгаси ја пораката со ескејп или клик на страна.
Прочитај повеќе:
ZC-106-002
Скокачки мост во Париз

Во Париз се планира ваков мост: Планот е објавен од...

ас
Љубовта меѓу главните ликови во серијата „Аси“ сепак е вистинска!

Имено, овие актери привлекуваат големо внимание со својот приватен живот....

298-speedrun
Враќање во иднината за 60 секунди

Ирската компанија која го произведува вискито Jameson заедно со списанието...

no
Започнува ноќното скијање на Попова Шапка – еве колку чини

Од вечерва започнува ноќната скијачка сезона во ски-центарот “Попова Шапка”....

Close
The title of your home page