објавено во: чет, ное 15th, 2012

Поврзаноста на образованието со општеството

Образованието претставува општествен процес во кој младите членови во општеството стекнуваат знаења и вештини кои се значајни за нивните идни активности во општеството, пред се во сверата на трудот, во општествената комуникација, во усогласување на сопственото однесување со другите членови на општеството.

Врската меѓу образованието и општеството во социологијата се набљудува низ две спротивставени теоретски ориентации. Според првата образованието претставува само сретство за репродукција на постојната општествена структура а според втората  теоретска ориентација образованието е способно за обликување нов тип на општество, односно дека тоа настапува како своевиден и значаен реформатор на современото општество.

Образованието му овизможува на поединецот успешно да се вклучи во општествените и културните процеси. Под состојба на образованост се подразбираат следните елементи: основни знаења, интелектуални и мануелни способности, способност за расудување и размислување, идеали, ставови и мотивација, култивираност, смисла за општествена одговорност и пошироко разбирање на светот.

Во прединдустриските општества, воспитанието и образобанието се во непосредна функција на општеството, односно и образованието и воспитанието служат да се одржи општествениот систем. Во индустриското општество започнува процесот на масовно образование. Експанзијата на индустриското произвотство е проследена со експанзија на образовниот систем, односно се јавува потреба кај индустријата за квалификувана и оспособена работна сила што училишниот систем ја задоволува. Суштински образованието придонесува за репродукција на општеството и тоа: прво овозможува репродукција на социјалната структура во рамките на општествената поделба на трудот, и второ, овозможува репродукција на основните општествени вредности и идеологијата. Во индустриското општество образованието се јавува како автономен потсистем во рамките на глобалниот општествен систем.

Анализата на односот на образованието и образовната структура може да се сведе на следното: прво, во општеството постои поделва на трудот која е претпоставка за одредена структура на занимања и најразновидни професии. Од друга страна постои и класно – слојна структура, тоа создава претпоставки за постоење на различен систем на вредности, идеологии и институции. Како трето се наведува тоа дека образованието претставува поле на отворена повеќестрана борба на слоевите за доминација, за економска корист и за углед. Образовниот систем претставува хиерархиска организација и во исто време и своевидна легитимација за идните припадници на одделни професии и општествени слоеви. Преку системот на образование се врши своевидна општествена селекција. Еден дел од децата се образуваат во елитни училишта, кои ги подготвуваат за упис на универзитет и стекнуваат врвна култура, еден дел посетуваат завршни/средни стручни училишта, а дел своето образование го завршуваат со основното училиште.
На групата која влегува во елитата и е загарантиран упис на секој нареден степен на образование. Но за неа подвижноста е загарантирана. Во системот на натпреварувачка подвижност нема ниедна точка на одлуки. Речиси сите ученици се опфатени со средни училишта и е присутна постојана борба и натпревар за секој повисок степен. Пристапот кон повисоките титули и политички институции станува монопол на оние кои поминле низ елитниот образовен систем.

Можностите за образование, способностите, статусот на занимање, духот и задоволството од работа се нееднакво распределени. Врската помеѓу поединечните форми на нееднаквост обично е многу слаба, што значи изедначувањето во еден сегмент малку влијае врз степенот на нееднаквост во друг сегмент. Поради тоа мораме да се запрашаме дали обидите за непосредно создавање еднаквост ќе донесе поголеми резултати или пак, ќе остане статус кво,  ништо суштински нема да се промени. Џенкс доаѓа до следново сознание, имајќи ги предвид приликите во САД, дека ниту генетската нееднаквост, ниту различното потекло не влијаат врз економските нееднаквости што се присутни во американското општество. Кога би се апстрахирале сите негативни причини за нееднаквост, доходниот јаз помеѓу горната и долната петтина кај сите машки работници би се намалила од 7:1 на 4:1. Изедначувањето на способностите најдобро може да се спроведе ако тоа стане главна цел на социјалната политика и ако работодавците се убедат да ја реорганизираат работата.

Формулата за еднакви шанси во образованието во услови на масовно школување во универзитетот, за Келер и Вернкап претставува адекватно оправдување на големите бирократски системи на монополистичкиот капитализам и ја оживува вечно важечката претстава дека секој може да биде капиталист, само ако е вреден.
Оваа формула е рефинирана и притоа цинично средство идеолошки да се осигураат и заострат хиерархиските односи меѓу оние кои работат за надница. Таа им вели на оние кои се наоѓаат „доле“ дека имаат шанси да дојдат „горе“ само треба да се школуваат. На тој начин на прекубројните ситуацијата може да им се претстави како последица на нивната глупавост и мрзливост, што значи само како резултат на нивното сопствено, лично однесување, а не на општествената логика.
Во суштина буржуазијата со стабилизацијата на сопственото владеење, идеалот на еднакви шанси го редуцира на паролата за индивидуални шанси за еднаквост, што претпоставува дека судбината на еден човек не зависи од постојното општествено уредување, туку од неговите индивидуални способности.

Ќе претставиме неколку сознанија од американски истражувања во врска со еднаквите шанси, односно разликите во односот на образованието и споредбата помеѓу работниците и средната класа во сверата на образованието. Како прво, добиено е дека класната и етничката стратификација директно е поврзана со успехот во школувањето и дека вредностите и нормите на општествените класи и етички групи влјаат врз резултатите во системот на образованието. Второ, за припадниците на работничката класа образованието, како сретство за постигање повисок статус во работата и вербата во можноста за лично напредување има помала вредност во однос на припадниците на средната класа. Имено, се покажува дека разликите во природата на работата меѓу средната и работничката класа често предизвикуваат и разлики во ставовите во однос на ориентацијата спрема иднината; мануелните работници се повеќе фаталистички насочени, главно ориентирани кон сегашноста и желбата за непосредно задоволство, што општо земено претставува составен дел од културата на работничката класа. Фатализмот со себе го повлекува прифакањето на сопствената ситуација, а не настојувањето таа да се поправи. Ориентацијата кон сегашноста го редуцира мотивот за успех во школувањетона повисок степен, а колективизмот ја вклучува лојалноста кон групата, а не истакнувањето на индивидуалниот успех, како што бара школскиот систем.

Во едно свое итражување Даглас открива дека времетраењето на школувањето е поврзано со класната припадност. Успехот во школувањето е поврзан со повеќе фактори, меѓу кои интересот на родителите се покажал како најважен. Родителите од средната класа изразуваат поголема заинтересираност за школување на своите деца. За разлика од практиката на воспитување на децата од редовите на работничката класа, за воспитувањето на децата од средната класа е карактеристично следното: се истакнува пожелноста на успехот, родителите многу очекуваат од своето дете, тие се поттикнувани да издржат во школувањето и во многу други активности. Давајки им на децата поголемо индивидуално внимание и задавајки им повисоки норми што мораат  да ги достигнат, родителите обезведуваат поттикнувачка средина која одговара на интелектуалниот развој.

Англискиот социолог Бернштајн се обидел нивото на успехот во училиштето да го разгледува во однос на разликите во обрасците на говорот. За говорот на децата од редовите на работничката класа, Бернштајн смета дека е ограничен, повеке насочен за комуникација од практично искуство, за помалку за апстрактните идеи. Кај децата од средната класа говорот е претставен како елабориран код – говор со што детето е способно да ги елаборира и генерализира нештата. Бернштајн е убеден дека класните разлики во говорните модели можат делумно да ги објаснат разликите во успехот во школувањето: како прво, формалното образование се одвива во рамките на разработен систем на знаци. Училиштето се занимава со пренесување на универзални системи на знаења. Тоа, детето од работничкото семејство го доведува во незавидна положба. Како второ ограничениот систем на знаци ги намалува шансите на учениците од работничкат класа успешно да ги усвојат некои знаења што образовниот систем ги бара.

Еве како Бернштајн го објаснува тоа. Како прво детето од работничката класа добива ограничени одговори на прашањата што ги поставува дома и помалку е информирано и љубопитно за светот отколку децата од „елаборираниот код“ од редовите на средната класа. Како второ детето наоѓа тешкотии во одговорите на апстрактниот јазик во учењето , како и во барањата на школскиот систем. Трето , детето не го разбира доволно говорот на наставникот, и се соочува со потешкотии во учењето на материјалот, кој за него е се поапстрактен и неразбирлив.

Истражувањата на социолозите за образовните шанси кај децата од редовите на пониските социјални слоеви покажале дека вината за неуспехот во образованието се наоѓа кај нив самите, кај нивните родители, непосредната околина и супкултурата на групата во која живее. На детето во тие околности му недостасуваат значајни вештини, вредности и воопшто еден амбиент кој не му овозможува лесно да се вклучи во образовниот процес. Врз основа на оваа претстава за односот на образованието и општеството, или поконкретно супкултурата на ниските слоеви се развива теорија за културата на депривираност која е блиска до теоријата за културата на сиромаштијата на Оскар Луис. Да се тврди дека пониските општествено-економски групи имаат поинаква култура е „очигледен апсурд“, бидејки нема докази дека сиромашните го сваќаат животот како предност во однос на доминантната култура. Уште повеќе, Рајан не ги прифаќа карактерните особини на културниот недостаток како „мали феномени“ многу од нив споделуваше и буржоаската младина. Нагласката на класните разлики ја „обвинувааат жртвата“, бидејки тоа ја свртува вината од вистинските причини за проблемите во училиштето.

Функционалистички пристап. За Парсон училиштето е основно сретство за социјализација и претставува мост меѓу општеството и семејството. Училиштето ги подготвува младите за влез во општеството со помош на воспоставување универзални норми во рамките на кои сите ученици го остваруваат сопствениот статус. Оценувањето на учениците се врши според школските правила, успехот се мери според успехот на оценките. Училиштето ги воспитува децата врз темелите на вредностите на општеството.
„Напреднатото индустриско општество претставува силно мотивирана работна сила ориентирана кон успех. Поради тоаа, нужно е поставено различно наградување за различен успех, начело кое е воспоставено во училиштата. И победниците, оние со високи постигања, и губитниците, оние со ниски постигања, ќе го сватат системот како праведен и исправен бидејки статусот е постигнат во ситуација во која сите имаат еднакви шанси.  И повторно начелата кои функционираат во глобалното општество се одразуваат во начелото на училиштето“.

.

автор

- една заедничка приказна на неколку луѓе спремни да ги отпочнат нештата од почеток, да внесат нови (размислувачки и опуштени) содржини во македонската сајбер мрежа и да уживаат во тоа. [повеќе..]

напиши коментар

XHTML: You can use these html tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Ретровизор+

Ваши препораки
Ни значи твојата поддршка
Доколку сакаш да нè следиш преку facebook кликни лајк,

во спротивно изгаси ја пораката со ескејп или клик на страна.
Прочитај повеќе:
AP_world_cup_netherlands_header_jtm_140613_16x9_992
Погледнете го голот на Робин Ван Перси кој ја засрами цела Шпанија! (видео)

Погледнете го неверојатниот гол на Робин Ван Перси кој ја...

IMG_4359_HDR
Спокојот во Орегон

Ова е фотографијата со која заклучивме дека може да ја...

pal
Куќа вредна 2 милиони евра може да биде ваша за само 10 евра – Еве како!

Дали некогаш сте фантазирале за тоа да имате убава куќа...

Screenshot from 2014-06-14 22:10:20
Видео: Еве како беше урнат украинскиот воен транспортер со 49 војници!

енешниот ден Киев го бележи како најлош за нив од...

Close
The title of your home page