објавено во: нед, јан 13th, 2013

Ѓорѓиевски знае како да го направи Куманово подобро место за живеење

Со отворање нови работни места, привлекување домашни и странски инвеститори и со воведување дисперзирани студии Куманово ќе стане подобро место за живеење. Младите и стручните кадри ќе немаат потреба да заминуваат од градот во потрага по својата егзистенција. Новите вработувања ќе ги овозможиме со отворање индустриско-технолошка развојна зона меѓу коридорите 8 и 10 кај населбата Карпош, вели Зоран Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

- Еден од топ 10 проектите е и изградба на детски градинки, проблем кој со години ги окупира кумановци како и решавање на водоснабдувањето со изградба на водоводна и канализациона мрежа во сите приградски населби и приклучување на сите канализациони системи во фекалната централна канализација – објаснува Ѓорѓиевски.

Реконструкција на улиците, подобрување на сигнализацијата во градот, изградба на кружни текови, спортски терени, нов зелен пазар, модерна санитарна депонија, развој на бањскиот туризам. Сето ова е зацртано во програмата на Ѓорѓиевски.

- Куманово е еден град кој по прашање на хигиената е на очајно ниво како и кога станува збор за зеленилото. Сообраќајот е прашање поради кое се револтирани сите кумановци и мислам дека има простор за работа доколку се има позитивна мисла и добра волја Куманово да се направи подобар град – додава кандидатот за градоначалник.

Тој ветува и дека Куманово ќе стане општина во која на секој ќе му се даде можност за поквалитетен живот во духот на единството, почитување на различноста, хуманост и чесност каде граѓанинот секогаш е на прво место.  Зоран Ѓорѓиевски е познат хирург кој во својата 27-годишна кариера помогнал на многу луѓе од различни етнички заедници.


Автор: Снежа Петковска

.

автор

- една заедничка приказна на неколку луѓе спремни да ги отпочнат нештата од почеток, да внесат нови (размислувачки и опуштени) содржини во македонската сајбер мрежа и да уживаат во тоа. [повеќе..]

напиши коментар

XHTML: You can use these html tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Ретровизор+

Ваши препораки
Ни значи твојата поддршка
Доколку сакаш да нè следиш преку facebook кликни лајк,

во спротивно изгаси ја пораката со ескејп или клик на страна.
Прочитај повеќе:
513503_kineski-grad-foto-twitter-chubailiang_f
Кинезите пронајдоа решение за пешаците кои не го тргаат погледот од мобилните телефони!

Бројни градови имаат велосипедски матеки, патеки за мотори и пешеци,...

ob
Уште еден референдум за отцепување – во италијанската област Венето

Во италијанската област Венето, во која се Венеција и околината,...

Kompjuter-facebook
Како Фејсбук за само 19 минути изгуби половина милион долари?

Најголемата социјална мрежа поради технички проблеми не беше достапна 17...

u
Внимавајте: оваа туристичка агенција е измамник – Македонци останаа на улица во Кушадаси!

Македонски туристи наместо на плажа, останаа на улица во Кушадаси....

Close
The title of your home page