Животен стил
07.10.2016 17:26

Благодарение на бомба, настанало најубавото место на планетата Земја

plaza-na-ljubovta-meksiko-02

Воените лидери на мексиканската војска од почетокот на 20. век веројатно не ни сонувале дека нивните воени вежби на островите Маријета ќе создадат една од најубавите туристички светски сензации.

plaza-na-ljubovta-meksiko-02

Тестирањата на бомби создале огромен кратер во густа шума, кој со време станал плажа од соништата. Мексиканците ја нарекле Плажа на љубовта.

Во кратерот се оформила прекрасна песочна плажа од која преку водени тунели може да се дојде и до самиот брег на морето. Плажата на љубовта не била единствена случајна сензација на островот. Останатите експлозии создале бројни пештери и тунели кои туристите ги истражуваат.

Вентура Осорио, човекот кој работел како водич на островите, го објаснил феноменот на скриената плажа.

“Пред Првата светска војна, мексиканската војска ги користела островите како полигон за тестирање на разни бомби. Оваа плажа настанала како резултат на тоа, но и другите фактори како што се временските услови и ерозијата на карпите”, рекол Осорио.