Писмо до мојот драг сопруг, кој не е човекот од моите соништа

Woman Reading a Book at Home February 12, 2004

Ако започнам да ги набројувам сите работи кои ги сакам кај тебе, можеби никогаш нема да успеам да го завршам ова писмо. Моите прсти ќе почнат да крвават од долгото пишување.

Woman Reading a Book at Home February 12, 2004

Наместо тоа, овој момент ќе го искористам за да ти се заблагодарам за сè што не си, за сите работи кои не си ги направил и не ги правиш и тоа што никогаш нема да бидеш.

Ти не си исполнување на моите соништа. Во моите соништа, мојот сопруг никогаш не би се двоумел. Тој би ги исполнил сите мои потреби и пред да знам што точно барам. Тој секогаш би знаел што да направи и да каже.

Но, во оние лошите денови, кога не сум расположена или кога децата ми одат на нерви, кога сè ми се чини како да се испревртело, те преферирам тебе, бидејќи си реален.

Немаш одговор на сè, бидејќи никој не може да има. Немаш бескрајно трпение тогаш кога сум неразумна. Не ги сакаш сите работи кои ги правам, бидејќи не сите работи кои ги правам се за сакање.

Ако секогаш беше расположен за мечтаење, замисли кој притисок ќе беше тоа и за двајцата…

Ти благодарам што си вистински, човечен, со недостатоци и што е најважно, што никогаш не се преправаш дека нашиот живот е како да живееме во сон.

Ти благодарам што никогаш не се обидуваш да бидеш „принцот на белиот коњ“.
Ти благодарам што знаеш кога да го спуштиш оклопот и да застанеш да се бориш покрај мене. Обожавам што точно знаеш кога да ме оставиш сама да ги убијам моите демони и змејови. Постојат битки во животот кои треба сами да ги победиме…

Среќна сум што никогаш не си ми ја одзел можноста сама да се потпрам на сопствената сила и да стекнам мудрости само преку напорна битка.

Ако беше мојот принц како ќе научев да се борам сама за себе? Секогаш ќе имав потреба од тоа да чекам некој да ме „спаси“? Да бидам слаба?

Безброј пати сме слушнале дека никогаш не треба да се задоволуваме со нешто помалку отколку што сме замислувале. Сме слушнале дека за да имаме совршена врска работите кои ни се важни на нас, треба да бидат важни и на нашиот партнер…

Мене ми е мило што се пронајдовме еден со друг.

Сакаш гласна музика додека се возиш во твојот автомобил и обожаваш концерти, а сепак се одлучи за жена која не може да поднесе гласна музика.

Се согласи да бидеш со некој кој сака да станува рано наутро кога ти сакаш да бидеш буден до доцна во ноќта…

Додека бев малечка мислев дека „среќно до крајот на својот живот“ можеби навистина постои, но досега не сум го забележала во реалниот живот.

Мило ми е што не се обидуваш да ме направиш среќна секој ден. Ти благодарам што си доволно мудар и паметен за да знаеш дека не е твоја работа и одговорност постојано да ме правиш среќна.

Ако не можам сама да ја пронајдам, ништо што ти ќе направиш или кажеш, нема да може навистина да ме направи, длабоко од сè срце, среќна.

Мило ми е што не се трудиш постојано да ме опсипуваш со комплименти, да ме инспирираш и да ми ја подигнуваш самодовербата, што не се обидуваш да се чувствувам како да сум центар на твојот свет баш секој ден.

Така, никогаш немаше да откриеме што е вистинска среќа.

Знам дека нема да бидеш секогаш покрај мене и дека не можеш да ми го „прочиташ“ мозокот, па јас понекогаш ќе го побарам тоа од тебе.

Тагата, гневот, стравот и разочарувањата понекогаш ќе завладеат со нас, но ќе нè потсетат колку навистина се сакаме. Тогаш ќе знаеме што е вистинска почит и восхит.

Мило ми е што заборави на бајката долго пред да ме запознаеш.

И не постои ниту еден друг човек кој би сакала да биде покрај мене.

Не би можела да уживам во реалноста со некој ако не си тој некој ти.