Патувања
12.10.2016 13:03

Доколку некогаш ја посетите Русија, не ги одбивајте овие работи од домаќините

redsquare_pixinn-net

Кога патувате во некоја земја, мора да ги знаете правилата за однесување кои важат таму, односно што не би требало да правите на одредени места

Овој краток бонтон се однесува на Русија и се она што не би требало да го правите понатаму.

Не се ракувајте со ракавици на рацете

Ова во Русија се смета за непристојно, затоа соблечете ги ракавиците пред ракување без оглед на тоа колку е ладно.

Последна маичка

Ова е буквален превод на една руска изрека која зборува за тоа дека никогаш не смеете да бидете последни кои ќе примите нешто. Односно, секогаш треба да возвратите со нешто. Русите се дарежливи без оглед на тоа колку малку или многу имаат.

Никако не се шегувајте за семејството

Шеги за политичари, пол, раса, сексуална ориентација или религија се добредојдени, но шегите поврзани со семејството се сметаат за навредливи.

Морате да ги почитувате постарите

Доколку се возите со јавен превоз и видите постара личност како стој додека вие седите, морате да станете и да и го препуштите местото.

Поделете ја сметката

Оној кој кани на вечера – тој плаќа? Не, не и во Русија.

Не поклонувајте празен паричник

Русите веруваат дека поклон, како што е празниот паричник носи несреќа, затоа ставете некој денар во него, па поклонете го.

Не одбивајте вотка

Русите можат многу да испијат, но не се алкохоличари. Доколку ве понудат со овој пијалок, сфатете го тоа како знак за добредојде, за да не го навредите домаќинот.