Патувања
12.10.2016 09:22

Зошто американските хотели немаат соба со број 420?

cskpaxbwsaatyr70

Причините поради кои во американските хотели не постои соба со број 420 се кријат во поврзаноста на датумот 20 април за конзумирање и славење на марихуаната.

Пред 45 години студенти кои студирале на калифорнискиот Универзитет во Сан Рафаел секој ден се состанувале пред споменикот на Луј Пастер точно во 4:20 попладне за да се „опуштат“ со марихуана.

За нивните состаноци постоела и тајна шифра – Луј 420. Поради популарноста на шифрата Луј 420 многумина туристи масовно земале како сувенир плочка од врата на хотелска соба доколку на неа бил бројот 420.

Од таа причина, хотелите едноставно го отфрлиле тој број.