Мудри мисли
12.10.2016 11:44

Неколку мудри совети кои ќе ви го подобрат животот

sigmund-freud-in-office

Еден од најкотраверзните научници на 20 век е оној кој студентите по психологија низ целиот свет го нарекуваат „дедо Фројд“.

Во текот на неговиот живот, едни го сметале за шарлантен, други за гениј. Коко Шанел го нарекла првиот маж феминист, а две откритија го овековечија: разоткривање на мистеријата на човечкиот сон и „наоѓање“ на клучот на потсвеста.

Еве ги неговите 10 интересни цитати кои дефинитивно ќе ве натераат да размислите но и ќе ве насмеат:

1, Големината на вашиот идентитет се одредува со големината на проблемот кој е во состојба да „ве извади од такт“.

2. Пред да си дијагностицирате на себеси депресија и ниска самодоверба, задолжително бидете сигурни дека не сте опкружени со идиоти.

3.Ние никогаш не сме толку ранливи како кога сакаме и никогаш така безнадежно не сме несреќни како кога ја губиме љубовта.

4.Луѓето се повеќе морални отколку што мислите и многу повеќе неморални отколку што можете да замислите.

5. Секој нормален човек всушност е нормален само делимично.

6. Доколку сте му простиле на некој човек се, значи дека сте завршиле со него, засекогаш.

7. Против секој човек можете да се одбраните, но против пофалбите останувате беспомошни. Вака познатите ги посрамотиле противниците.

8. Ние тежнееме кон тоа да ја одбегнеме болката, отколку да се сретнеме со радоста.

9. Во момент кога човек ќе почне да се сомнева во својот живот и својата вредност, тој станува болен.

10. Големото прашање кое никогаш не е одговорено и на кое ни јас не можев да одговорам , а се работи за триесетгодишно истражување на женската психа гласи: ШТО САКА ЖЕНАТА?!