Патувања
12.10.2016 12:58

Скриено романтично градче во Грција кое вреди да го посетите

1

Монемвасија е карпест остров кој се наоѓа на истокот на областа Пелопонеза во Грција, поврзан е со копно само со краток насип.

1

Островот е широк околу 300 метри, долг е околу еден километар, а се воздигнува околу стотина метри над морето.

2

Скриен е со карпи од копното, а на островот лежи романтично градче со богата историја која датира уште од 6-ти век кога островот бил за прв пат населен. Во текот на неколкуте наредни векови, Монемвасија повеќе пати бил предаван во рацете на освојувачите, се додека конечно не е ослободен во текот на грчката војна за независност во почетокот на 19ти век.

3

Островот во почетокот бил населен на врвот на платото кој сега се нарекува “Горен град”. Постепено се ширел, а благодарение на одличната скриена позиција со текот на времето се развил во моќен град.

4

Во текот на падот на Византијското царство, Монемвасија едно време бил дури и главен град, односно бил еден од големите трговски центри на византискиот свет и главно трговско пристаниште. Градот доживеал крах до 18-ти век, а повторно се променило кога го откриле туристите во 1970-тите години.

5

Познат е и како Гибралтарсиот исток, градот денес е позната туристичка дестинација. Средновековните објекти се обновени, а многу од нив се претворени и во хотели.