Патувања
12.10.2016 13:19

Тиманфаја: Место кое изгледа како површината на Марс, а се наоѓа во Шпанија

1

Националниот парк Тиманфаја (Parque Nacional de Timanfaya) е шпански национален парк во југозападниот дел на островот Ланзароте, на Канарските острови.

Зазема површина од 51.07 квадратни километри и во потполност се состои од црвенкасто вулканско тло кое потсетува на површината на Марс.

1

Најпознатиот дел од Огнената Планина (Las Montanas del Fuego) кои се прогласени за место со неверојатна природна убавина, а кои биле средиште на вулканска катастрофа која што се случила пред нешто повеќе од 250 години.

2

Ерупцијата на Огнените планини траела цели 6 години (1730-1736), а вжарената лава го прекрила целото село и плодната земја од која земјоделците живееле, и ја претворила во црвен пустош, денес, со неверојатна убавина.

3

Според приказните на жителите на островот, кога вулканот за прв пат се активирал, земјата се отворила, се слушнала заглушувачка бука, а потоа лавата и пепелта го прекриле небото. Оние кои можеле побегнале, оставајќи го зад себе плодното тло и илјадниците крави и кози кои останале заробени на островот. Послаба ерупција следела 1824 година, а 1968 година, подрачјето е прогласено за национален парк.

4

Овој дел од островот денес е туристичка атракција позната по своето марсовско тло, ретки растителни врсти кои овде успеваат да опстанат и врелото тло. Температурите само неколку метри под површината на Националниот парк Тиманфаја, достигнуваат дури 600 степени целзиусови.

5

Суви гранки, фрлени во дупка во земјата можат веднаш да се запалат, а доколку истурите вода во таа дупка, таа неколку секунди подоцна ќе еруптира во облик на пареа – како мини-гејзер.