Мудри мисли
12.10.2016 09:18

10 правила за професорите, студентите и животот

photo-college-student-in-a-classroom

Правило #1: Пронајдете убаво место за одмор.

Правило #2: Општите задолженија на еден студент: Извлечи сè што можеш од професорите и од твоите колеги.

Правило #3: Општи задолженија на еден професор: Извлечи сè што можеш од твоите студенти.

Правило #4: Сметај дека сè е експеримент.

Правило #5: Биди самодисциплиниран. Ова значи и пронаоѓање на некој кој ќе може да ти служи како пример. Да се биде дисциплиниран значи да го следиш некого, но секако, на добар начин. Да се биде самодисциплиниран е да го следиш на многу подобар начин.

Правило #6: Ништо не е грешка. Нема победи и порази.Има само работа и создавање.

Правило #7: Единственото правило е работа. Доколку работиш, ќе стигнеш до некаде. Само оние луѓе кои работат цело време успеваат во нешто.

Правило #8: Не се обидувај да создаваш и да анализираш истовремено. Овие процеси се сосема различни.

Правило #9: Биди среќен. Уживај во твојот живот. Ситуацијата е подобра отколку што мислиш дека е.

Правило #10: „Ние ги кршиме сите правила. Дури и нашите сопствени. Како го правиме тоа? Со оставање на простор за Х количини“. Џон Кејџ.

Работи кои би ви помогнале: Секогаш бидете наоколу. Одете на сите места кои би ви биле од корист. Секогаш одете на часови. Читајте сè што ќе ви дојде при рака. Гедајте внимателно филмови.