Хороскоп
13.10.2016 19:06

Најнапорниот хороскопски знак кој сите го сакаат поради 4 причини

fashion-trends-for-men-in-2015-1050x700

Можете ли да замислите за кој знак станува збор?

Секако, во прашање се Лавовите! Тие многу бараат, ама затоа и многу даваат! За да го освоите овој знак, ќе мора да обрнете внимание на следново:

1. ИМ ТРЕБА МНОГУ ВНИМАНИЕ

Лавовите се навикнати да бидат во центарот на вниманието и тоа им годи – како и во обичнот живот, така и во љубовта. Ќе сакаат да бидат центарот на вашиот свет. Обожаваат додворување со многу возбуда и задоволства. Сепак, колку многу и да им нудите, може да очекувате дека и тие ќе ви возвратат со иста мера, бидејќи се великодушни и романтични во љубовта.

2. ЈА САКААТ СЛОБОДАТА

Лавовите нема да се согласат да бидат затворени дома, бидејќи обожуваат да се забавуваат. Со нив, секое излегување е за паметење, но тие далеку многу ќе уживаат ако крај нив е саканата личност со која може тоа и да да го споделат.

3. ТЕШKИ KАВГАЏИИ СЕ

Поради својата голема гордост и его, Лавовите брзо пламнуваат. Тешко ќе опростат и не толерираат непочитување. Доколку нешто сте згрешиле и сакате да ви опростат, ласкањето е единствен начин да ги придобиете.

4. В KРЕВЕТ СЕ ЖИВ ОГАН

Сите тврдат дека Лавовите со право ја носат титулата “најдобри љубовници’, бидејќи се издрќливи, неуморни и со силно либидо. Со нив ќе добиете сè што сакате и повеќе од тоа, бидејќи вашето задоволство за нив е на прво место. За разлика од многумина, тие сакаат долга предигра во која секогаш има простор и за креативни игри.

Треба да знаете дека Лавовите сакаат самоуверени и добро расположени личности кои зрачат позитивна енергија и кои го сакаат животот. Најдобро е да им покажете дека сте забавни и со отворен ум. Покажете интерес и кога тие ќе почувствуваат дека се во центарот на вашите мисли, ќе имате незаборавна љубовна приказна.