Здрава исхрана
15.10.2016 12:33

Како до подобра исхрана?

271457348746

Избегнувајте масти од животинско потекло, тие се заситени масти чии масни киселини создаваат цврсти масти кои кај животните се користат како резерва, а кај човекот го зголемуваат нивото на холесторол во крвта и доведува до зголемување на смртноста од кардиоваскуларни болести.

Додека незаситените масти се благотворни за нашето здравје, од кои некои дури и го намалуваат нивото на холесторол во организмот. Ги има во: оревите, бадемите, лешниците, маслинки, житарки, сончогледот и др.

Избегнувајте прости шеќери во исхраната(сахароза), како чоколади, торти, бонбони. Тие шеќери се многу концентрирани и штетни за организмот. Употребувајте природен шеќер од овошје (фруктоза) и други природни шеќери како мед, малтекс и др.

Не јадете помеѓу оброци. Паузата меѓу секој оброк треба да биде 5 саати. На желудникот му се потребни 2-3 часа да ја свари храната, и после 2 часа му е потребен одмор. Доколку се јаде меѓу оброк тогаш претходното јадење чека во желудникот каде што е топло и кисело, и таа се расипува и гние како некоја стара храна во контејнер за ѓубре и мириса. Тоа се случува кога јадеме меѓу оброци.

Користете лимон наместо оцет во салатите. Оцетот е јака киселина која го уништува витаминот Ц во нашето тело, а исто така и желудникот. Салатата со лимон има поубав ефект, повеќе витамин Ц, и е по корисен за разлика од оцетот кој е штетен.

Користете маслиново масло наместо зејтин во салатите кој е рафиниран и по штетен.

Јадете многу овошје и зеленчук во разни бои посебно во зима кои се богати со многу витамини и минерали кои му се потребни на организмот.

Користете мешунки во исхраната бидејќи тие се богати со растителни влакна кои помагаат во варењето а истовремено се и корисни бидејќи ги упиваат отровите и ги отстрануваат штетните супстанции како што е жолчната киселина и важат за чистачи на цревата.

Пијте 1.5-2 литри вода на ден.На вашето тело му е потребно многу вода. Пијте вода 31 мин. Пред јадење или 1-2 часа после јадење, но не и за време на јадење.Водата му смета на варењето, зошто таа најпрво се апсорбира (впива), а кога јадеме сакаме да се апсорбира прво храната.