Личен развој
15.10.2016 12:27

Работи кои треба да си ги кажувате секое утро за да бидете среќни

tumblr_lzdnrzikaa1qa0c4po1_1280

Добро утро! Ова го кажувате и слушате секој ден, но дали навистина се чувствувате добро секое утро? Дали секое утро станувате исполнети, со насмевка и желба за нов и поубав ден?! За да се чувствувате вака секое утро, прочитајте ги овие 18 работи кои треба да си ги кажувате откако ќе ги отворите очите. Повторувајте ги секој ден и ќе забележите промени во вашето расположение, а деновите ќе ви бидат исполнети со радост и успех.

Денес е нов ден

Можеби вчера денот ви бил лош, а можеби цела претходна недела, но тоа не значи дека и денес денот ќе биде таков. Денес е нов ден. Ден во кој можете да преземете нови работи за да го постигнете она што го сакате и да бидете личноста што сакате да бидете.

Не го чекајте утре утрешниот ден

Без разлика колку и да сакате да помине денешниот ден, освен ако немате временска машина, ќе треба да чекате 24 часа за да дојде „утре“. Колку побрзо сакате да помине „денес”, толку побавно ќе ви поминува. Затоа научете да уживате во секој ден подеднакво.

Јас сум најдобрата верзија на самата себе

Никој не е совршен. Имам мани, но ги сакам идејќи се мои. Јас сум уникатна личност, бесценета, извонредна и ништо не може да го промени тоа. Јас сум најдобрата верзија на самата себе.

Ако вчера згрешив тоа не значи дека сум лоша личност

Сите понекогаш правиме грешки. Но тоа не значи дека сме лоши личности. Вчерашниот неуспех, останува зад мене, а денес ќе се потрудам да бидам подобра личност.

Не е се онака како што изгледа

Понекогаш очекуваме некои работи кои може да не се исполнат онака како што сме ги замислиле. Исто така ако ви се случи нешто што за вас изгледа страшно, пробајте да го погледнете проблемот од друга перспектива и ќе забележите дека не е се онака како што изгледа. Не е се црно – бело. Светот има огромен спектар на бои.

Не знам се

Секој ден, секој час, секоја минута се случуваат различи работи. Па затоа не можеме да знаеме се. Не се срамете да признаете ако нешто не знаете. Човек учи додека е жив. Подобро прашајте, отколку да останете во заблуда дека вашето размислување е точно.

Сите имаме тајни

Сите имаме тајни, некои се добри, некои лоши. Моите тајни се само мој и нема ништо лошо во тоа што не сакам да ги споделам.

Можам да ги достигнам сите мои соништа

Јас можам да ги достигнам моите соништа, без разлика колку бизарно или нереалистично и звучат на луѓето околу мене. Денес е нов ден и еден ден поблиску до остварување на моите соништа.

Не се плашам од неуспех

Неуспехот е во ред. Сите некогаш доживеале некаков неуспех. Важната работа е да станете кога ќе паднете и да почнете одново.

Животот продолжува понатаму

Без разлика дали добри или лоши работи се случуваат, животот продолжува понатаму. Ништо не е вечно. Па каква и болка да доживеете знајте дека нема да биде присутна засекогаш.

Го заслужувам најдоброто

Од каде доаѓам и кој сум, не го одредува она што го заслужувам. Јас го заслужувам најдоброто и никогаш нема да го сменам ова мислење.