Мода
16.10.2016 11:12

Чипката и понатаму останува врвен моден тренд

Paris Fashionweek ss2014 day 5, outside Chloé, Net-a-Porter Team

Веќе неколку сезони се најавува дека чипката ќе излезе од мода и дека тулот и шифонот потполно ќе ја заменат. Но, според претставените колекции од врвните светски дизајнери таа ќе владее и следните сезони.

И понатаму се модерни сите видови на чипка, везени на тул, а понекогаш и повеќе видови искомбинирани за подоминантен ефект.

Оваа сезона посебен акцент е ставен на чипката во бела боја и црна боја, иако кај некои дизајнери може да се видат елегантни тоалети во сина, жолта или црвена чипка. Доколку сакате чипка, оваа пролет и лето може да уживате во овој моден тренд.