Бизнис совети од најуспешните луѓе

soveti-poznati-uspesni-lugje-02

Многу големи имиња од светот на уметноста, бизнисот и политиката, засекогаш го одбележале креативниот и работен свет во кој создавале, мотивирале и инспирирале луѓе ширум планетата.

soveti-poznati-uspesni-lugje-02

Мудрите мисли, идеи, совети…Секогаш се потребни и корисни, а посебно кога ги слушаме од креативни, успешни и перспективни луѓе, чиј заштитен знак се успехот, наградите за работата, големата популарност, моќта и парите. Многу големи имиња од светот на уметноста, бизнисот и политиката, засекогаш го одбележале креативниот и работен свет во кој создавале, мотивирале и инспирирале луѓе ширум планетата.

Вака советуваат познатите успешни луѓе:

Ли Лакоко, американски бизнисмен

“Најдобар бизнисмен е оној кој се држи до старото додека е добро, а го прифаќа новото кога ќе стане подобро од старото”.

Аристотел Оназис, грчки бродосопственик

Тајната на бизнисот е да знаете нешто што никој друг не го знае.

Мари Кеј Аш, американски бизнисмен

Просечната идеја која предизвикува ентузијазам, ќе оди подалеку од одлична идеја која не инспирира никого.

Никола Тесла, српски физичар

Млад човек не треба да жали што нема милиони за да развие некоја идеја. Размислувањето не чини милиони, а со размислување се создава идеја.

Џон Рокфелер, американски бизнисмен и филантроп

Пријателството засновано на работата, е подобро од работата заснована на пријателството.

Александре Думас, француски писател

Што е бизнис? Многу просто: Тоа се парите на другите луѓе.

Мери Ритер Беард, американска историчарка

Реткост е да се сретне бизнисмен кој е песимист.

Вилијам Шекспир, англиски писател

Мудро и полека. Тие кои што трчаат брзо, ќе се сопнат.

Џејмс Џојс, ирски писател

Грешките се врати на откритијата.

Томас Едисон, американски физичар

За да имате голема идеја, мора да имате многу идеи.

Ана Павлова, руска примабалерина

Да се издржи без сопирање на патот до целта – тоа е тајната на успехот.

Ворен Бафет, американски бизнисмен и филантроп

Во бизнисот важат две правила до кои треба да се држите. Правило број 1: никогаш немој да губиш пари. Правило број 2: Никогаш не го заборавај правилото број 1.

Наполеон Хил, американски писател

Големите достигнувања обично се резултат на големи жртви, а никогаш на себичност.

Кетрин Вајтборн, британска новинарка и писателка

Најдобар совет за кариера: Пронајдете го тоа што најмногу сакате да го работите и пронајдете некој што за тоа ќе ви плати.

Бил Гејст, американски бизнисмен

На сите ни се потребни луѓе од кои ќе добиеме “feedback”. Тоа е начин на кој се унапредуваме себе.

Волт Дизни, американски бизнисмен и режисер

Најдобар начин нешто да започнете, е да престанете да зборувате и да почнете да работите.

Марлен Дитрих, германска актерка и пејачка

Самодисциплината е најважна од сите дисциплини.

Еленор Розвелт, американска политичарка

Никој не може ви го наметне чувството на инфериорност без ваша согласност.

Индира Ганди, индиска политичарка

Мојот дедо еднаш ми кажа дека постојат два типа на луѓе: Оние кои ја работат работата, и оние кои го собираат кредитот. Ми даде совет да се обидам да бидам во првата група, бидејќи таму конкуренцијата е помала.

Доналд Трамп, американски бизнисмен

Кога е тоа можно, договорете се. Договорот ни заштедува време на сите.

Опра Винфри, американска водителка

Големата животна тајна е дека нема големи тајни. Што и да е твојата цел, ќе ја постигнеш, доколку си подготвен да работиш.