Луксуз
09.11.2016 10:07

Дали авионските компании навистина нудат луксуз, или помалку претеруваат?

luksuzni-letovi-tocka-zanim-05

Секоја авио-компанија се труди на своите патници да им обезбеди удобен и луксузен лет. Но некои од нив се потрудиле луксузот да го подигнат на ниво на екстраваганција, а Business Insider ви ги пренесува некои од најекстравагантните привилегии коишто се достапни на летовите.

luksuzni-letovi-tocka-zanim-05

Кога авионот Emirates A380 бил дизајниран, искривениот дел во внатрешноста изгледал како неупотреблив, сè додека тие не се досетиле за просторот да го претворат во туш кабина. Секој патник може да си резервира 30 минути во спа-кабина, со сретства за хигиена на брендот Bulgari и бањарки изработени од луксузен плиш.

Во сингапурската авио-компанија Singapore Air има и такви авиони во коишто е сместена и кабина со брачен кревет, додека вратите се со дрвена глазура, а седиштата обложени со најквалитетна кожа. Во собата се наоѓаат и два големи екрана, како и полици за украси. Креветот по желба може да биде украсен со латици, а обврзно се послужува и шампањ, постелнина, прекривки и пижами со потписот на брендот Givenchy.

luksuzni-letovi-tocka-zanim-06

Германската авио-компанија Lufthansa на своите патници им служи само најквалитетни вина, и тоа токму оние коишто најтешко се пронаоѓаат во продажба. Во соработка со Маркус Дел Монего, единствениот германски светски шампион во производство на вино, компанијата нуди врвни вина дури и за оние со најчувствителни непца. А картата на вината коишто се нудат се менува секој месец…

luksuzni-letovi-tocka-zanim-08

Etihad Airways е национална авио-компанија на Обединетите Арапски Емирати, а на еден лет постои и буквално мини-апартман којшто се состои од дневна соба, спална соба и приватна бања. Апартманот е прилагоден за две лица, со двосед и трпезариска маса за двајца, на којашто пак е поставено Vera Wang стакло, но и Bernardo кинески садови за исклучително луксузно искуство.

luksuzni-letovi-tocka-zanim-07
Со апартманот следува и услугата на батлер којшто ви е постојано на располагање, а којшто во утрата ќе ви донесе појадок во кревет…
И додека останатите компании во првата класа служат шампањ и кавијар, Air France во соработка со познатиот готвач Даниел Булуд, на патниците им служи сосема несекојдневни оброци. Меѓутоа, овие негови оброци се достапни само во авионите коишто полетуваат од поголемите градови во САД. Но и во авионите коишто полетуваат од други места се служат исто толку луксузни со потписот на повеќе славни готвачи.
Од друга страна пак, аио компанијата Air Malta дури и на патниците коишто не патуваат во прва класа им овозможува да добијат луксузен третман. На нив им се нуди масажа на дланките, стапалата и вратот, додека истовремено уживаат во пријатна музика.