Мојот дом
09.11.2016 11:17

Дизајн на внатрешноста на куќа во која би се заљубил секој љубител на добрата книга

bookshelf-house-andrea-mosca1-800x449

bookshelf-house-andrea-mosca1-800x449

Љубителите на книги ќе се вљубат во идејата за пространи домашни библиотеки наместо ѕидови. Идејата е на италијанскиот архитект Андреја Моска, кој при уредувањето на семеен стан во Париз просторот го дели со библиотеки, а ги интегрира и во скалите со цел да понуди и поголем складиштен простор за потребите на семејството.

bookshelf-house-andrea-mosca2

Скалестите библиотеки, изведени од светло дрво, ја имаат истата функција како и ѕидовите, ги делат различните соби во просторот, сепак овозможуваат тој да изгледа поотворен и простран. Истовремено останува и нивната примарна функција за чување книги, поради што просторот добива пријатен и благороден карактер. Покрај тоа што ги делат собите, библиотеките се вградени и во скалите и вметнати во слободните простори за да понудат повеќе простор за чување на книгите и за складирање сувенири, декор и други потребни работи на семејството.

bookshelf-house-andrea-mosca3

Главната и најголема библиотека е сместена во дневната соба, а веднаш спроти неа е поставено големо огледало, кое и самото прави илузија како на негово место да има огромна библиотека. Книгите, благодарение на библиотеките, се главниот елемент во просторот, правејќи го овој дом уникатен на сопствен начин. Полиците со книги се гледаат од секој агол во домот, инспирирајќи поголема посветеност на пишаниот збор.

bookshelf-house-andrea-mosca4

Топлината на светлото дрво внесува светлина во ентериерот и помага за креирање поудобен и пријатен амбиент. Мебелот е во светли тонови и хармонично се вклопува во приказната за ентериер во кој книгите се доминантен декор и основна дизајнерска алатка за распоред на просториите.

bookshelf-house-andrea-mosca5