Архитектура
09.11.2016 09:46

Енергетски одржлива приватна куќа во Калифорнија

132

Студентите од „Southern California Institute of Architecture“ во соработка со хуманитарната организација „Habitat for Humanity“ го реализираа проектот за изведба на еколошка и енергетски одржлива семејна куќа во Калифорнија.

132

Проектот за дизајн и изведба на современата екокуќа „IVRV House“ е дел од хуманитарниот проект за урбана ревитализација на посиромашните градови и соседства во Калифорнија, кој, меѓу другото, подразбира изведба на самоодржливи и екоефикасни резиденцијални архитектонски единици за домување. Хуманитарниот проект, кој трае уште од 2014, има за цел проектирање и изведба на по една одржлива куќа секоја година во соработка со студенти и архитекти.

327

Иновативниот студентски проект за „IVRV House“ е реализиран во Вестмонт, Калифорнија. Студентите по архитектура имале за задача да ја дизајнираат куќата и потоа да учествуваат во сите фази на нејзината изведба, со што им се овозможува реална интеракција со архитектурата и согледување на реалната ситуација и можности за конструкција.

428

Проектот се фокусира на еколошкото, одржливо и економично домување. Студентите во изведбата на куќата применуваат одржливи архитектонски решенија и дизајнерски стратегии, екоматеријали и иновативни градежни техники што се достапни и економични за семејствата, а воедно го минимизираат и загадувањето на природата. „IVRV House“ е современа куќа со скулптурен архитектонски израз и едноставен, минималистички ентериер сочинет од сите неопходни простори за удобно домување на едно семејство.