Мода
09.11.2016 11:08

Како изгледало првото шоу на Victoria Secret во 1995?

kako-izgledashe-prvoto-shou-na-viktorija-sikret-vo-1995-01

Шоуто на Викторија Сикрет денес важи за еден од најекстравагантните, најскапите и најпопуларните спектакли во модната индустрија.
Но, гламурозниот изглед не бил секогаш присутен кога се во прашање модните ревии на овој светски познат бренд. Особено не, првите модни ревии.

kako-izgledashe-prvoto-shou-na-viktorija-sikret-vo-1995-02

Магазинот Harper’s Bazaar објави фотографии и видео од првото модно шоу на Викторија Сикрет во 1995 година одржано во New York Plaza Hotel, кое е во далеку посиромашно издание во однос на луксузот што брендот ни го презентира во својата современа историја.

kako-izgledashe-prvoto-shou-na-viktorija-sikret-vo-1995-03

Недостасуваат ангелските крилја, свилените наметки позади сцена, познатите супер модели, популарните музички имиња, гламурозната сцена… Напротив, сè е спакувано во многу поедноставна ревија на која манекенките ги носат на себе комбинациите од каталог.

---

kako-izgledashe-prvoto-shou-na-viktorija-sikret-vo-1995-04

Но, после 21 година, шоуто на Викторија Сикрет е во сосема друга димензија, едно од најпрестижните случувања на модната сцена, кое годинава за прв пат ќе се одржи во Париз, а ќе се емитува на 5-ти декември.

kako-izgledashe-prvoto-shou-na-viktorija-sikret-vo-1995-01