Стил
09.11.2016 11:27

Како ќе изгледа најскапиот градник на светот според Victoria Secret?

fantasy-bra3

Victoria’s Secret го претстави овогодинешниот Fantasy Bra, кој на 5-ти декември во Париз, ќе го носи манекенката Џезмин Токс.

fantasy-bra3

Имено, тој чини три милиони долари, а за негова изработка биле потребни 700 часа,

Тежи дури 40 карата. Составен е од дијаманти, смарагди и 18 каратно злато, а е направен според мерките на манекенката која ќе парадира во него на денот на ревијата на оваа модна куќа.

Џезмин е родена во Калифорнија и е дел од Victoria’s Secret веќе неколку години, а е трета афро-американка која ќе го носи најскапиот градник на ова шоу.