Мудри мисли
09.11.2016 11:59

Мудри мисли кои можат да бидат вашето животно мото

00040486-520x294

Не е задолжително, но убаво е човек да има слоган кој ќе го мотивира да се развива и да сонува, но и да се насладува на она што го има во моментот, да умее да се радува на малите нешта.

00040486-520x294

„HighViewArt.com“ избра 22 мудри мисли, од кои може да си го изберете вашето лично мото.

И запомнете, мотото не е за цел живот, туку за одреден момент во него, бидејќи приоритетите на човек се менуваат, а со тоа и неговите ставови.

1. Не оди по туѓите чекори, бидејќи нема да оставиш трага.

2. Чувајте се како Ајнштајн – гледајте на работите релативно. Секое нешто си има барем две страни. Побарај ја подобрата.

3. Добри работи сакаат време, прекрасните сс случуваат веднаш.

4. Во животот не е важно од каде доаѓаш, ниту каде одиш. Важно е да си среќен на патот.

5. Вистината боли, но тоа не значи дека лагата лекува.

6. Не ти е вистински пријател оној кој ти ги брише солзите, туку оној, кој не ти дава повод да плачеш.

7. Лошо е да си пијан и да нема кој да те придржува, но уште полошо е да си вљубен и да нема кој да те разбере.

8. Ако не сакаш, кога можеш, нема да можеш, кога ќе сакаш.

9. Не се лути, кога зборуваат зад твојот грб! Тоа значи дека ти сеуште си пред останатите.

10. Јас знам дека ништо незнам, но другите и тоа не го знаат.

11. Не е важно колку време имаш, најважно е како ќе го живееш.

12. Живеј на работ, но немој да паѓаш.

13. Насмевни му се на светот, за да ти се насмее и тој.

14. Животот е избор, а изборот е во тебе.

15. Она што го прави животот интересен, е можноста да го оствариш својот сон.

16. Биди среќен со она што го имаш, додека се бориш за она што го сакаш.

17. Не е важно дали луѓето фрлаат камења по тебе, најважно е што градиш со нив, ѕидови или мостови.

18. Учи од грешките на другите. Не можеш да живееш доволно долго за да ги направиш сите свои.

19. Мудар не е оној кој знае се, туку оној кој го знае неопходното.

20. Човек кој ги прави другите среќни, неможе да биде несреќен.

21. Живеј за денес, бидејќи вчера нема да се врати, а утре може и да не дојде.

22. Ако животот беше лесен, тогаш немаше да започнува со плачење