Стартап
09.11.2016 09:42

Најдобрите стартап совети од младата и успешна Кетрин Миншу

ketrin-30334fwq6fpc14pf84derk

Кетрин Миншу е основач и директор на Muse, компанија која на корисниците им помага во кариерата. Taa e прогласена од Inc.com како една од „15 Women to Watch in Tech“ и е на листата на Forbes „30 Under 30: Media“. Но, иако млада, само 29 години, г-ѓа. Миншу има доволно претприемачко знаење што го сподели на The Next Web конференцијата. Таа во својот говор се осврна на почетоците на Muse како стартап и се обиде да понуди поинакви совети, односно совети кои нема да бидат: „опкружете се со паметни луѓе“ или „отсекогаш размислував за…“.

ketrin-30334fwq6fpc14pf84derk

Еден од советите кои ретко ги слушаме е „доколку имате добра идеја креирајте некој сервис, а потоа ќе го усовршите“. Ова не само што ќе ви помогне да приберете повеќе информации од корисниците, туку уште поважно ќе ви покаже дали пазарот има потреба од вашиот сервис. Бидете љубезни, но и упорни, раната фаза на градење на стартап е составена од луѓе кои ви кажуваат НЕ и вашите обиди да откриете дали треба да ги сфатите сериозно…

Веруваме дека издавањето на продуктот пред корисниците и добивањето на фидбек во комуникација со корисниците и учењето од нив е навистина важно. Доколку исфрилите исполиран (готов производ) многу потешко е да се справите и да ги поправите грешките, доколку добиете негативен фидбек од корисниците. Погледнете го нејзиниот говор.