Бизнис вести
09.11.2016 12:07

Посета на туроператори од ИР Иран на Република Македонија

iran-660x330

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денес оствари средба со претставници на најголемите ирански туроператори кои на покана на Стопанската комора за туризам се во посета на Република Македонија.

iran-660x330

На средбата акцент беше ставен на зголемување на соработката во областа на туризмот, вмрежување на бизнис заедниците и презентирање на туристичките потенцијали на Македонија.

На разговорите, покрај членовите на Комората за туризам присуствуваа и амбасадорот на Исламска Република Иран Н.Е. Саид Садег Мохаммади, претставници од Министерството за надворешни работи, Министерството за економија и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

Сподели