Рецепти
09.11.2016 09:54

Ослабете со печени костени

kosten-1-600x330

Со доаѓање на есента, на трпезата пристигнуваат и костените. Ако внимавате на вашата линија треба да ги јадете печени, а може и како пире со нискокалоричен шлаг. Иако костенот е суво овошје сепак не е висококалоричен како другото овошје.

kosten-1-600x330

100 грама костени содржат околу 200 калории, а претставуваат оброк кој заситува.

Ова овошје е многу богато со скроб го има околу 45 %, добро се вари во организмот, сиромашен е со масти 200 калории на 100 грама (што значи двојно повеќе околу 500 калории имаат 100 грама ореви), а големата содржина на скроб го прави сличен по состав на житариците.

Костенот претставува вредна намирница поради големата количина на скроб, витамини, протеини, минерални соли и затоа нутриционистите го препорачуваат во менито за време на диетата. Тој дава сила и цврстина на мускулите, го зајакнува имунитетот,ги надоместува потрошените енергетски залихи во телото. Костенот е добар е во борба против анемијата зашто е добар извор на железо и лесно се вари.