Новости Спорт
14.11.2016 20:17

Зошто во борба, тој своите раце ги држи позади грб?

img-303890

Без разлика дали го почитувате или пак не можете да го поднесете, Конор МекГрегор е еден од најдобрите борци во иторијата на UFC. Ирскиот борач е првиот што ги има двата појаси во UFC во лесните категории.

Во последната борба тој го совлада Еди Алварез уште во втората рунд, но привлече внимание со држењето на рацете зад грбот. Иако многумина сметаа дека тоа е потег за да ја покаже својата доминација и да го деконцентрира Алварез, вистинската причина е многу попрактична.

Во интревјуто по дуелот, тој изјави дека имал болки во десната рака, па развил техника која му овозможува да ја тргне од акција колку што е можно подолго.

img-303892

„Во текот на спаринг тренинзите, ако ја удрев раката ќе добиев оток и болка во текот на рундата, па барав начини како да се справам со тоа. Иако бев внимателен до денеска, сега се чувствувам добро и немам ниту една болка на телото“ – изјави МекГрегор по борбата.