Samsung го купи Harman за 8 милијарди долари

A worker demonstrates the Harman International Industries Inc. Rinspeed Budii concept car at the Mobile World Congress in Barcelona, Spain, on Monday, Feb. 22, 2016. Mobile World Congress, an annual phone-industry event organized by GSMA Ltd., runs from Feb 22 to Feb 25. Photographer: Pau Barrena/Bloomberg via Getty Images

Samsung ја направи досега највредната инвестиција за влез во авто индустријата, преземајќи го американскиот Harman за 8 милијарди долари. За преземањето Samsung плати по 112 долари за акција во готовина.

Harman International Industries е еден од лидерите во областа на автомобилските борд ситеми, особено како што се мултимедијалните. Во моментов повеќе од 30 милиони возила во целиот свет се опремени со нејзини состави и инфо-комуникациски системи за безбедност и поврзување.

Од Samsung гледаат сериозен потенцијал со преземањето на американскиот гигант. Во портфолиото на Harman се вклучени најпрестижните марки на пазарот JBL, Harman Kardon, Mark Levinson, AKG, Lexicon, Infinity и Revel, како и врвните за автомобилската индустрија Bowers & Wilkins и Bang & Olufsen.

По оваа инвестиција Samsung најави голема конкуренција и борба и на пазарот со другите технолошки гиганти, како што се Apple и Google.