ЕУ го донесе законот: Еве колку ќе плаќаат македонците отсега при влез во Грција

Европската комисија го достави предлогот за воведување на Европски систем за информации и авторизација на патувањето. Не е виза велат од Брисел туку дополнителен задолжителен услов за сите патници од земји кои се наоѓаат на листата за безвизно патување во рамки на Шенген зоната.

36 часа пред планираното патување, ќе мора да се потполни електорнската апликација на веб страната или мобилната апликација, која ќе чини 5 евра и ќе биде со важност од 5 години. Комисијата очекува да бидат потребни десетина минути за потполнување на докуметнацијата за која ќе бидат потребни информации единствено од националаната патната исправа односно пасош. Одговорот автоматски че биде проследен на имеил адресата, а се очекува 95% од апликантите одговорот да го добијат во рок од неколку минути по поднесувањето на барањето.

Само оние кои ќе се појавата во некоја од базите на проверка како сомнителни, ќе подлежат на дополнителни проверки, а во зависност од одлуката множе да биде изречена и забрана за патување.

Апликациите ќе бидат бесплатни за малолетници односно до 18 годишна возраст.

Поднесениот предлог доставен денеска до европскиот парламент и советот на европа ќе мора да го помине филтерот и на националните парламенти на сите земји членки. Овој процес, очекуваат од европскиот сосвет да заврши за три години, а планирано е системот ЕТИАС да започне со примена од 1ви јануари 2020 година.

Според доставениот предлог:

---

По истекот на пет годишниот период, самата апликација и личните податоци се бришат автоматски од централниот систем на ЕСИАП.

Главна улога во фунционирањето на системот ќе има Европол, кој ќе ја воспостави и управува листата за следење на која ќе се најдат лица кои сториле или постојат фактички индикации дека ќе сторат кривично дело. Листата ќе користи податоци од листата на ОН за воени слосторници, информации за дела поврзани со тероризам или дрги тешки кривични дела обезбедени од земјите членки и преку меѓународна соработка. За проверка ќе бидат користени и базите на Интерпол, Евродак, како и европскиот информациски систем за кривични досиеја.

Официјален Брисел очекува преку новиот систем за идентификација на патниците ќе се постигне поголемо ниво на безбедност во рамки на Унијата.