Колумни Мислења
17.11.2016 23:17

Што е време? Статус на македонец кој секој треба да го прочита

tumblr_o18g1zf7xr1thk6vpo1_1280

Кодекс за користење на време

1. Часовник е онаа направа со стрелки, која покажува часови, минути и секунди. Првенствено е измислена за да имаш ориентација за време, а не како аксесоар за рака.

2. Календар е систем со денови, месеци и години со кој се организира времето. Освен за родендените на твоите најблиски, служи и за забележување на твоите обврски.

3. Зборовите ”сега” и ”веднаш” значат сега и веднаш. Не ги употребувај доколку не можеш да одговориш на барањата. За тебе постојат други зборови како ”добро”, ”во ред”… Така ќе и олесниш на другата страна да не чека навремено да си ги завршиш работите.

4. Во 10 часот, значи во 10 часот. Утре, значи утре. На 15ти, значи на 15ти. Доцнењето е одлика на неорганизирани, безобразни и себични луѓе. Ако не почитуваш рокови, едноставно кажи ”ќе биде”.

5. Престанете со изговорите ”сè правам сам/а, затоа доцнам” со цел другата страна да има сожалување и разбирање за вашето доцнење. Ако немате организациски потенцијал, не се нафаќајте на обемни работи, распределете ги или елиминирајте ги обврските. Подоблесно е да кажеш ”не можам тоа да го завршам” отколку да даваш рокови до кои не држиш.

6. Доколку не можете да извршите нешто на време, јавете се, извинете се.

7. Доцнењето не е ”балкански феномен”, тоа е личен недостаток на обѕири и неспособност за организирање на сопственото време.

8. Доцнењето може да биде исклучок, а не секојдневна пракса.

9. Бидете искрени кога доцните. Не употребувајте ”во кола сум, доаѓам” доколку во тој момент само што сте излегле од под туш.

10. Не кажувај дека ќе бидеш на договорено место за 30 минути, кога планираш да дојдеш за 60.

(Овој статус е инспириран од мајсторот што рече дека колата ќе ја поправи за две недели, а еве веќе два и пол месеци вика ”утре” и од тетките што на 8.11. ми продадоа душек за спиење кој рекоа дека ќе ми го достават за 10 дена, ама откако душекот беше платен, на профактурата стоеше, датум за испорака: 02.12)