Стивен Хокинг откри уште колку години им останаа живот на луѓето на оваа планета

img-304804

Еден од најпознатите научници на денешницата, Стивен Хокинг, уште еднаш предупреди дека луѓето мораат да бараат нова планета за живот доколку сакаат човештвото да опстане, пренесува CNN.

Според неговото предавање на Оксфорд, на луѓето им остануваат уште 1.000 години на Земјата. Три основни причини за исчезнување на луѓето би можеле да бидат климатските промени, нуклеарните ракети и роботите.

„Не смееме да дозволиме катастрофата што наскоро ќе следи на нашата планета да доведе до исчезнување. Затоа мораме да ја истражуваме вселената и да бараме нови планети“, вели тој.