Интервјуа Мислења
19.11.2016 19:31

Телохранителот на Тито открива интересни работи за Маршалот

miroslav-mladenovic09_orig

Бидејќи речиси никому не му било дозволено да се приближи до Маршалот, Мија морал да биде и фотограф на сите посети на Тито низ Југославија и во странство

Беше во непосредно обезбедување на Тито речиси 40 години и ги знаеше сите тајни на Маршалот. Мирослав Мија Младеновиќ бил партизан, потполковник, член на Гардата, фотограф, но и телохранител.

Бидејќи речиси никому не му било дозволено да се приближи до Маршалот, Мија морал да биде и фотограф на сите посети на Тито низ Југославија и во странство.

– Имаше фотографи што сликаа за весници, но кога јас ќе дадев знак. Секогаш имав пиштол под палтото и стоев на неколку метри од Тито – се присетува Младеновиќ.

Тој раскажува и за една анегдота при средбата на Тито и американскиот претседател Ричард Никсон – откако ги развивал сликите од нивното ракување во заднина забележал неколку двојници на Никсон.

-Тито никогаш немаше двојници – нагласува Младеновиќ

Тој ја открива тајната за време на погребот на Тито – т.е. дека тој навистина бил погребан во Куќата на цвеќето. Според Мија, на денот на погребот гробницата била затворена со спојување на два блока од камен кои истата вечер биле тргнати, а потоа со кран бил поставен еден блок кој стои и денеска и тежи девет тони.