Мода
20.11.2016 15:23

Креираше чизми за само 300 денари, сега ги продава по цена од 900 долари

2-520x330

Чизмите кои ги креираше Каније Вест, а кои буквално изгледаат како преку чизми да сте навлекле чорапи, моментално чинат 900 долари, но на една креативна двојка и текнало како самата да направи исти такви чизми за многу, многу помалку пари.

Станува збор за посебно популарен модел на чизми од марката “Yeezy” кој го потпишува Каније Вест. Затоа и не треба да изненадува фактот дека токму Ким Кардашијан е таа која го започна целиот тренд со чорапи – чизми.

Иако поголем број девојки на прв поглед заклучиле дека станува збор за веројатно најгрди чизми од појавата на “угг“ напастите, трендсетрките побрзаа да купат рало повеќе. Набрзо, целиот Холивуд ги шеташе. Како што тоа обично оди, кога сите познати жени ќе почнат нешто да носат, тоа на девојките наеднаш им станува убаво и примамливо – токму тоа се случи си со чорапи – чизмите.

---

А оваа девојка стана хит на социјалните мрежи откако им покажа на девојките дека не мора да даваат големи суми на пари за овие тренд чизми туку може и самите да си ги направаат за далеку помалку пари.