Религија
20.11.2016 13:46

Поповите повеќе нема да наплаќаат за крштевки, венчавки и погреби

grcka-crkva

Грчките митрополити ќе добиваат од државата, во зависност од староста, месечна плата во износ од 1.500 до 2 илјади евра, а со тоа ќе им бидат платени сите трошоци, додека пак, месечните примања на свештениците ќе изнесуваат од 850 до 1.150 евра, објави Верската информативна агенција.

На свештениците ќе им се забрани да наплаќаат за крштевки, венчавки и погреби, а од семејствата кои ќе ги повикаат на служба, дозволено ќе им биде да примат само симболични подароци.

Во Атина се соопштени и платите на грчките свештеници во Америка, кои секоја година се прилагодуваат на инфлацијата.

Грчката црква во САД, Канада и Јужна Америка има 12 митрополии со околу 600 илјади верници. Во нејзиниот состав се наоѓа и автономната епархија на Украинците, Русите и Албанците, и тоа е најголемата православна црква на американскиот континент.
Свештеникот почетник ќе прима годишна плата од 49.128 долари, па за 35 години служба ќе примаат околу 120 илјади долари.

Постојат и случаи со далеку повисоки примања, па на пример, свештениците во катедралата во Њујорк ќе примаат плата од 200 илјади долари.

Освен платите, свештениците ќе имаат службен автомобил, дополнително здравствено осигурување, доплата за конференции и семинари, како и службени станови.