Хокинг открива што ќе се случи доколку се сретнеме со вонземјани

img-305284

Човештвото со децении активно трага по вонземски цивилизации, но пред да ги најдеме, се поставуваат неколку сериозни прашања околу нашата безбедност, а меѓу оние што посочуваат на тоа е и физичарот Стивен Хокинг.

Ако слушнеме нешто од вселената, прашањето е дали човештовото треба да одговори. Дилемата е дали во недостаток на траги за други цивилизации, на сите ѕвона треба да се соопшти дека на земјата постои живот.

Хокинг во последно време е окупиран со проектот Breakthrough Listen кој подразбира исклучително осетливи радиоресивери кои би служеле како трагачи за вонземски цивилизации. Исто така постои и сродна програма Breakthrough Message која е базирана на комуникација во спротивната насока, односно од Земјата кон потенцијалните вонземски цивилизации.

Сепак, оваа програма подразбира да не се испрати ниту една порака додека не се изведе голема дебата на светско ниво, на која би се разговарало за потенцијалните опасности што ги носи тој потег.

Хокинг смета дека треба да се биде многу внимателен околу воспоставувањето контакти со други цивилизации.

Тоа е разумна идеја бидејќи аргументот на Хокинг е дека во средбата со вонземјаните човештвото би ја играло улогата на Ацтеките, а тие би биле колонизаторите од Европа. Во таа ситуација исходот е познат.

„Вонземјаните веројатно би биле многу понапредни од нас, и ќе гледаат на нас како што ние гледаме на бактериите“ – вели Хокинг.

Од друга страна, стравот на Хокинг е базиран на човечкото однесување и историјата која сведочи дека послабо развиените секогаш страдаат. Оптимистите сметаат дека вонземската цивилизација не мора да ги има сличните карактеристики како и човештвото.