Што прават успешните луѓе во последните 10 минути од работното време?

decorating-ideas-for-your-office-at-work

Како изгледа вашиот крај на работното време? Сурфање по интернет порталите и договарање на кафе со пријателите?

Бизнис-експертите Мајкл Кер и Лин Тејлор ни откриваат што точно прават успешните луѓе во последните десет минути од работното време и како го завршуваат својот работен ден.

Според Мајкл и Лин, многу е важно на кој начин го завршувате работниот ден, бидејќи тоа го одредува вашето расположение во остатокот од денот, а често и на наредниот. Погледнете што препорачуваат експертите:

1. Направете список на обврски

Добро е да знаете до каде сте со работата. Кога ќе го видите својот напредок, ќе добиете и мотивација да продолжите понатаму, а и работниот ден ќе го почнете организирано.

2. Средете ја работната маса

Нередот околу вас го одразува нередот во вашата глава. Организирана и чиста работна површина ќе ви даде чуство на организираност и на професионалност.

3. Позитивна енергија

Поздравете се со колегите, насмевнете се и оставете простор за нови успеси!