Да не беше оваа девојка, луѓето никогаш немаше да слетаат на Месечината

margaret_hamilton

Маргарет Хамилтон, жената која помогнала да се создаде софтверот, за леталото Аполо да слета на месечината беше одликувана со медал на слободата, на церемонија која се одржува во Белата куќа во Вашингтон.

Тоа е само едно од нејзините достигнувања во софтверското инженерство, кое и овозможи да се најде помеѓу 21 добитници на Претседателскиот медал на слободата, највисоката цивилна награда.

Кога таа почнала со пишување на компјутерски код на Институтот за технологија во Масачусетс, како млада вработена мајка во шеесетите години на минатиот век, терминот софтверски инженер воошто и не постоел.

23112016204032_web_margaret_hamilton

-Во тоа време софтверското инженерство се уште не беше познато како поле за изучување. Немаше ни учебници според кои Маргарет би учела, така што како што вели таа, немала друг избор освен да биде пионер- истакна Барак Обама на церемонијата за доделувањето.

За наша среќа, Маргарет никогаш не престана со својата работа. Таа претставува симбол на генерација на неопеани жени, која му помогнала на човештвото да патува во вселената-додаде Обама.

Американскиот претседател Барак Обама им врачи „Претседателски медал на слободата“ на група иноватори, научници и ѕвезди, меѓу кои се најдоа и филантропот Бил Гејтс, музичарот Брус Спрингстин, актерите Том Ханкс, Роберт де Ниро, Роберт Редфорд и Сисели Тајсон, пејачката Дајана Рос, кошаркарската легенда Мајкл Џордан, како и комичарката Елен де Џенерис.