Атентаторот на Фидел Кастро го открива планот за како требало да се убие лидерот на Куба

fidel-w-nowym-jorku

Живата легенда на Куба и еден од светските ликови на револуцијата, харизматичниот Фидел Кастро, беше проблем кој требаше да го реши тогашниот американски претседател, Џон Кенеди.

Во таа игра влетала Марита Лоренс, керка на американски капетан и љубовница на Фидел, која американските разознавачки служби ја убедиле дека човекот кој го сака е нејзин државен непријател и единствено што е исправно е таа да му сипе отров во пијалакот.

Марита, убава и витка американка со германско потекло, прв пат на Куба дошла со бродот на својот татко во 1959 година. Имала само 19 години кога таму за прв пат го здогледала високиот црн маж кој привлекувал повеќе внимание од сите други таму. Кога го прашала кој е тој, Кастро и одговорил “Јас сум Куба. Командант Фидел Кастро”.

Привлечноста била обострана, па кога тaa се вртаила во Њујорк, по неколкуте недели поминати на Куба, неможела да им одолее на повиците на Фидел и за неколку месеци се вселила на 74 от кат во хотелот Хилтон на Куба со 14 години постариот Кастро.

Набрзо таа затруднела, но среќата и траела кратко затоа што во 6 тиот месец во бременоста имала спонтан абортус. Ја нашле онесвестена и ја однеле во болница каде и било соопштено дека го има изгубено бебето.

Марита потоа се враќа во Њујорк за да се лекува, каде што ја посетуваат агентите на ЦИА. Тие и велат дека не се работело за несреќен случај, туку дека Фидел несакал да има дете со нејзе.

– Не верував во тоа, но токлу ми го испраа мозокот што останав очајна и со скршено срце, раскажува Марита.

Следниот чекор што го направила ЦИА, бил да ја убеди заљубената и скршена девојка дека мажот кој го сака е прв непријател на Америка, а таа лично може да го искорени злото за целата нација и да стана херој. Тогаш и закажале средба со специјалниот агент, Френк Старџисом, кој и го дал отровот од кој требало само да се пушти едно апче во пијалокот на Фидел.

Обидот за убиство се случил на првата следна средба која таа ја имала со Кастро. Марита се обидела да ја стави смртоносната таблета во пијалокот, но бидејќи и биле скриени во кремата за лице за цариниците да не и ги фатат, пилулите се залепиле, па целиот обид бил трапав и неуспешен. Не успеала да го убие, а всушност тоа не го ни сакала. Таблетата ја фрлила во тоалетот, но за беља водата не ја однела. Тогаш Кастро се посомневал бидејќи Марита ја немало долго време, а кога влегол во толетот сфатил што се случува и го извадил својот пиштол.

– Мислев дека ќе ме убие, но тој пиштолот ми го даде и ми рече што сакам да правам со него. Ако сакам да го убијам. Навистина искрено го сакав, а тој тоа го знаеше, како што знаеше дека затоа неможам да пукам во него. И тој ме љубеше мене, се сеќава Марита која сега има 74 год.

– Уште во авионот кога одозгора го гледав островот летајќи накај Куба, знаев дека неможам да го убијам. Добив репутација на убиец, а ни на мравка не сум згазнала, завршува таа.