Вонземјаните се помеѓу нас, но не ги препознаваме

12400577_10153857204144808_8047642143068718733_n-670x670

Вонземјаните се меѓу нас и секојдневно се среќаваме со нив, но не сме во можност да ги препознаеме, вели претседателот на Кралското друштво на астрономи лорд Мартин Рис.

Тој тоа го изјави на конференција на Националната научна академија во Велика Британија, инаку прва на која се зборувало за можностите за постоење вонземјани, пренесува МИА. “Можно е да ни се пред нос, но едноставно не сме во можност да ги препознаеме.

Проблемот е во тоа што бараме нешто слично на нас, со претпоставка дека тие имаат барем иста математика или слична технологија”, наведе Рис.

“Сметам дека таму некаде може да има живот и интелектуални суштества, но во облик кој ние не можеме да го замислиме. Токму како што шимпанзите не можат да ја разберат квантната теорија, така постои и живот кој нашиот мозок не може да го разбере”, смета тој.

На конференцијата, Рис постави прашање дали луѓето во случај на откритие за вонземјани би се уплашиле или би се радувале.