Фидел Кастро е одговорен за смртта на Тито

tito-fidel-kastro-kuba-tocka-2016-02

Посетата на Јосип Броз Тито на Куба може да се каже дека му го скрати животот на првиот човек на поранешна Југославија, затоа што поради тоа ја одложил итната операција на ногата.

Фидел Кастро после повеќето безуспешните обиди, конечно успеал да се избори за одржување на Конференцијата на Движењето на неврзаните на Куба во 1979-та година. Тоа значело дека во следните три години на него му припаднала должноста да биде генерален секретар на Движењето.

Таа 1979-та година, во пресрет на одржувањето на Конференцијата во кубанската престолнина Хавана, сосема јасни биле обидите на Кастро за Движењето на неврзаните од неговата изворна „надворешно-блоковска“ позиција, да го приклучи на источниот блок и така на Брежњев и на неговите сојузници да им даде „нова доза на кислород“.

Тогаш во медиумите беше објавен текст во кој што Фидел Кастро беше наречен Тројанскиот коњ во Движењето на неврзаните. Тоа предизвикало паника во државниот врв затоа што текстот во медиумите се појавил на еден ден во пресрет на доаѓањето на Рафаел Родригез, тогаш втор човек на кубанскиот режим.

Тито, за кој многумина тврделе дека бил „недисциплиниран дијабетичар“, тогаш ја одложил итната операција на ногата за да замине за Хавана и да ја исконтролира ситуацијата. Таму дополнително се истрошил поради големиот број на билатерални средби со клучни државници. Така успеал да ја преуреди Резолуцијата.

После дипломатската офанзива во која што им ги поматил сметките на Кастро и Брежњев, Тито целосно исцрпен се вратил дома во септември, а вградувањето на бајпасот задоцнило, па во јануари 1980-та година за загубил ногата, а во мај починал