Спорт
30.11.2016 01:02

Атлетико Национал бара Шапекоенсе да се прогласи за шампион

b1611290721

Големата трагедија која се случи во Јужна Америка кога авионот со играчите на клубот Шапекоенсе се сруши во Колумбија, го остави спортскиот свет во шок.

Челниците на клубот Атлетико Национал, тимот кој требаше да ги дочека фудбалерите на големото финале во Копа Судамерикана, побараа од Фудбалската федерација на Јужна Америка Шапекоенсе да се прогласи за шампион на ова натпреварување.

Финалето кое трагично загинатите фудбалери не го дочекаа, требаше да се одигра утре, на 30-ти ноември, а после трагедијата се огласија и од Фудбалската федерација на Јужна Америка.

“Потврдуваме дека финалето на Копа Судамерикана се одложува поради авионската несреќа во која настрада експедицијата на Шапекоенсе и сакаме да им изразиме сочувство на семејствата на загинатите. Сите активности на Фудбалската федерација се во мирување, а претседателот Алехандро Домингез во овие моменти патува во Меделин”, беше напишано во соопштението.