2001 во Македонија, откриени тајни за масакрот и терористите

uck_penzioneri

Косoво во претходните 20 години потрошило повеќе од две милијарди долари, од кои околу 100 милиони долари на годишно ниво како надоместок за „борците“ на Ослободителната војска на Косово, а парите главно стигнуваат од Америка и ЕУ, за од 2009 година најголемдел од тие пари да пристигнува од џебот на Меѓународниот монетарен фонд

Не е тајна дека околу 500 ветерани на ОВК од Косово се борат на боиштата во Сирија на страната на ИСИС.

Косово е на петото место, сразмерно според бројот на граѓаните кои се придружиле на терористичката организација која себе се нарекува Исламска држава. Притоа, тие исти ветерани на Косово примаат надоместок од буџетот кој, од другата страна за таа намена добива поддршка од САД, ЕУ но и од ММФ.

Косовската комисија за верификација на ветераните оваа година попишала 46.000 ветерани на ОВК. Списокот е направен со цел да се утврди точниот број на оние кои во текот на деведесетите со учеството во ОВК „заслужиле“ пензија, а се плаќа преку буџетот на Косово од пари на МФ. Минатата година косовските институции почнаа со исплата на бенефиции (околу 170 евра) за во тој момент, регистрирани 12.000 ветерани на терористичката организација, за што парите во буџетот на Косово беа однапред планирани, а сето тоа благодарение на ММФ кој од фондовите издвои 106.6 милиони евра за оваа намена. Во меѓувреме, како што овој на ветерани драстично растеше, Приштина е принудена да побара додатни средства од ММФ за да може да ги обезбеди барањата. Статистичките податоци говорат дека Косово во претходните 20 години потрошило повеќе од две милијарди долари, што значи околу 100 милиони на годишно ниво за пензи за „борците“ на ослободителната војска на Косово, а тоа се пари кои главно пристигнуваат од ЕУ и Америка, а од 2009 од фондовите на ММФ.

Инаку, планираниот буџет на Косово за 2017 година изнесува две милијарди евра, во кои е предвидена и стапка за трансформација на КБС во војска, со амин на ММФ, но не и за толкав број на пензии за бившите припадници на терористичката ОВК. ММФ бара од Пирштина да се направи контрола на големиот број на ветерани, посебно поради тоа што Косово на конто на овие исплати добива додатни 25 милиони евра од оваа институција. Доколку не се обезбедат овие пари, Приштина би „банкротирала“. Од друга страна, ветераните на ОВК се закануваат дека ќе направат нешто „повеќе од обични секојдневни протести“.

Ако ММФ одбие да префрли пари на Косово, Приштина планирала за помош да се обрати во Америка. Меѓутоа, никој не е сигурен дали парите ќе ги добијат и со обзир на неочекуваниот исход на претседателските избори во САД. Косово во 1999 година доби 3.8 милијарди долари меѓународна помош – неповратно. Не сметајќи ги парите собрани на донаторските конференции, кои беа организирани во Вашингтон веднаш по прогласувањето на независност во 2008 година, каде што се собрани повеќе од три милиони плус 350 милиони како подарок од САД. Според податоците од повеќе извори, од 2000 до 2001 година, од меѓународната заедница на Косово, по различни основи се слиле 40.7 милијарди долари. Сите тие пари минале низ косовскиот буџет, а еден, не така мал дел завршил во рацете на ветераните на ОВК, како пензии или различни надоместоци.