Личен развој
09.12.2016 18:36

Не сте ја знаеле оваа мудра поука, стара со векови – за убавицата и зверот.

beauty-and-the-beast

Оваа бајка сикгурно нè научи многу лекции, особено за љубовта кон себе. Но, постои едно психолошко клише дека мораме да научиме да се сакаме себеси, дури и оние делови од нас што често се мета на јавно осудување. Сепак, еден експерт укажува на важната лекција која со векови е тука.
Џош Грејсел, психолог и автор, тврди дека работата на себе не е толку тешка колку што сите кажуваат. Овој пат тој се обидел да го објасни себеприфаќањето според примерот на една од најубавите бајки од нашето детство, „Убавицата и ѕверот“.

Оваа француска бајка е создадена во далечната 1740-та година, а до денес е објавена во голем број варијации. Најкратко кажано, преубавата девојка доброволно се согласува да остане заробена од страна на суровиот ѕвер за да го спаси својот татко. Ѕверот изгледа страшно и убавицата го избегнува, се плаши од него и се обидува да избега. Секоја ноќ, Ѕверот ја прашува Убавицата дали сака да се омажи за него, и секоја ноќ таа повторно го одбива. Како што вели Џош, читателите знаат дека Ѕверот е нешто што убавицата мора да научи да го сака без убедување и дополнителни информации. Убавицата мора да научи да ја гледа убавината во Ѕверот!

На почетокот постојат само случајни навестувања кои ја водат Убавицата да размисли за тоа дека Ѕверот можеби и не е толку страшен. Навиваме да го сфати она што сите ние го знаеме: Мора да научи да го сака овој ѕвер. Да преминеме на главното. Таа со текот на времето се заљубува во Ѕверот и доаѓа до судбоносниот бакнеж по кој тој се претвора во прекрасен принц. Една од најубавите верзии на оваа приказна истакнува дека Убавицата толку многу го засакала што кога го погледнала принцот викнала: „Каде е мојот Ѕвер? Врати ми го мојот Ѕвер!“

Сега, помислите на некој дел од себе и вашиот живот кој не ви се допаѓа, кој не можете да го прифатите и кој сакате да го промените. Нешто за кое размислувате само негативно. Постојат одредени работи во животот кои ве заробуваат и со тек на времето започнувате да ги мразите, толку многу што од сè се обидувате да побегнете. Оваа бајка сите овие векови крие универзална вистина и најверојатно тоа е причината за нејзиниот опстанок. Според неа мора да научите да ги сакате и работите кои кај себе во моментот ги мразите.

Не станува збор за тоа дека треба да добиете преубав принц, туку да сфатите дека зад секоја „грдотија“ се крие некоја вредност, богатство кое треба да го засакате. Додека не успеете во тоа ќе бидете затворени во затворската просторија на неприфаќањето. Само низ овој вид прифаќање можете да ги цените вашите проблеми и предизвици како поклони. Кога ќе се прифатите и засакате себеси може да се каже дека ќе живеете среќно до крајот на животот. Тоа значи дека без разлика на тоа колку немате објаснување за некои работи или колку тие моментално ви создаваат болка, сепак можеби во нив постои некоја виша цел. Прифатете ги! Спасете се себеси од патењето и понатамошната болка и спремете се за поуката која ќе ја научите со прифаќањето на моменталното животно искушение.

Немојте да додавате „Но…“, туку прифатете го предизвикот и обидете се да пронајдете убавина во „ѕверот“ од вашиот живот.