Спорт
27.12.2016 23:46

Ќе ти ја откинам главата и ќе го мачкам подот со твоја крв

447258-kje-ti-ja-otkinam-glavata-i-kje-go-machkam-podot-so-tvoja-krv-video

Ако сакаш да имаш меч со лав како мене и притоа да ти ја откинам главата во еден залак, а потоа да плукам твоја крв по цел октогон, додека ти со тие грозни тетоважи од тигри изгледаш како кловн, е тогаш ќе одржиме борба.

Можеме да се бориме и пред твојата публика во Даблин. Мене ми е сеедно. Но, доколку не сакаш да се бориш против мене, тогаш затвори ја устата, му порача Вудли на Мекгрегор.

Непишано правило е боксерите пред почетокот на меѓусебната борба да се омаловажуваат и закануваат пред главниот настан. Меѓутоа, овој популарниот подвиг кои го прават големите боксерски натпреварувачи во последно време зазема се поголема димензија.

Поради тоа, шампионот во УФЦ, во велтер категорија, Американецот Тајрон Вудли, му пренесе јасна порака на Ирецот Конор Мекгрегор од која ја заледи крвта кај многумина. Без влакна на јазикот, Американецот го предизвика на меѓусебен дуел еден од набараните шампиони во кафезот, а борбата побара да се одржи пред неговите навивачи во Даблин.

Конор, доколку сакаш, можеш ме поканиш за дуел. Знаеш како можеш да оствариш контакт со мојот менаџер, но веројатно не посакуваш да имаш човек како мене против себе. Ќе ти треба голема желба доколку сакаш да ги одмериш силите со мене. Но, ако посакуваш да имаш меч со лав како мене и притоа да ти ја откинам главата во еден залак, а потоа да плукам твоја крв по цел октогон, додека ти со тие грозни тетоважи од тигри изгледаш како кловн, е тогаш ќе одржиме борба. Можеме да се бориме и пред твојата публика во Даблин. Мене ми е сеедно. Ако сакаш да се бориш и да заработиш многу пари, ајде да го направиме тој спектакл. Но, доколку не сакаш, тогаш затвори ја устата, му порача Вудли на Мекгрегор.

На оваа провокација се очекува и реакција на Мекгрегор, знаејќи дека се работи за еден од најдобрите натпреварувачи и голем провокатор, а без сомнение дека одговорот ќе биде уште поинтересен.