Откриена најголемата тајна за Доналд Трамп: Во негова сопственост се тајните оружја на…

nikola-tesla-donald-tramp-tocka-2016-02

На чело на групата со експерти кои што после смртта на славниот научник ги прегледувала сите негови документи и записи, бил чичкото на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп можеби е еден од неколкуте луѓе на светот кои што ги знаат сите тајни документи и записи на најголемиот научник на сите времиња – Никола Тесла.

Имено, чичкото на Доналд Трамп бил на чело на комисијата на ФБИ која што ги истражувала запленетите документи и научни записи на познатиот научник, пренесува американски „Њујоркер“.

Никола Тесла починал на почетокот од јануари 1943-та година и сиот негов имот во САД бил запленет од американски ФБИ. Три седмици подоцна, откако биле собрани сите документи, експертска група започнала да ги прегледува сите тие документи, а на чело на групата на ФБИ бил Џон Г. Трамп, чичко на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Чичкото на Доналд Трамп бил инжинер и физичар, а самиот Доналд во многу наврати се фалел со својот славен чичко: „Мојот чичко често ми зборуваше за нуклеарната војна, дури и пред да стане нуклеарна“, рекол Доналд Трамп.

Агентите на ФБИ најмногу стравувале од тоа Никола Тесла да не има развиено некое моќно оружје кое што би паднало во рацете на непријателот, па затоа сите негови документи и научни записи биле веднаш запленети и познати научници започнале да ги проучуваат.

Официјално, истрагата на документите на Тесла не дала никакви резултати, а Џон Трамп напишал: „Размислувањата и трудовите на Никола Тесла, барем во последните петнаесетина години, примарно се од филозофска природа и не содржат нови делотворни методи или применливи истражувања“.

Дури шест месеци после смртта на научникот кој направи револуција во 19-ти и 20-ти век, бил спроведен филаделфискиот експеримент, а некои теоретичари тврдат дека тоа е доказ дека во документите и бројните записи кои што зад себе ги оставил Тесла имало нешто многу повеќе од обични „филозофирања“.

Во годините кои што следуваа, разни теоретичари на заговори пласираа најразлични информации, дека морнарицата извела некој од експериментите на Тесла, дека успешно воен брод бил направен невидлив, американската морнарица упорно тврди дека експериментот никогаш не се случил и дека сите тие информации се плод на хиперпродуктивната фантазија на теоретичарите на заговор.

Сепак, факт е дека чичкото на Доналд Трамп бил меѓу првите кои што ги прочитале белешките на Никола Тесла и еден од малкуте луѓе кои што ја имале таа привилегија воопшто. Поради ова, американските медиуми денес го поставуваат прашањето, колку од тие информации пристигнале до Доналд?