Македонија
30.12.2016 18:09

Заев откри што планови има за 2017, тој во новата година ќе направи сите да…

zaev-novogodisno-696x392

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во новогодишното обраќање до македонските граѓани, порача дека 2017-та ќе биде „година на нашиот живот, избравме живот и цврсто одлучивме да си го вратиме животот, успеавме заедно“.

„Ја почнавме 2016-та со надеж дека ќе си го вратиме животот. Дека ќе успееме да ги мотивираме нашите деца да живеат и работат дома. Дека ќе создадеме услови да бидеме еднакви и спокојни. И тргнавме во остварување на таа цел. Се излеавме на улиците, различни, од сите страни, сплотени во желбата за слобода. Заедно носевме и донесовме важни политички одлуки за Македонија. Бевме солидарни кога беше најпотребно. Покажавме заедно почит кон борците кои го трасираа нашиот пат денес. Избравме црвено – избравме храброст – и живот“, вели Заев во своето обраќање.

„Ние се боревме со нашиот глас за праведна и правична Македонија за сите. Во меѓувреме: младите фудбалери ја пласираа Македонија на Европското првенство во 2017-та во Полска, лицата со Даунов синдром од танцовото студио Денсерс Јунајтед ја искачија Македонија на 6 место на Светското првенство за модерни танци, Дарко, Коста и двајца Филиповци, средношколци од Македонија со својот успешен инженерски проект влегоа во натпревар за меѓународна награда на НАСА. Сите овие вредни искуства од 2016 ги пренесуваме во 2017. Во нив се темелите на нашата верба и нашата надеж – дека можеме. Во овие заеднички и индивидуални искуства е и нашата обврска“, додаде Заев.

„Од 2017-та почнуваме да го создаваме животот што го избравме. За слободно да живееме. Слободно да избираме. Слободно да се изразуваме и слободно да дејствуваме. Семејствата да ни се финансиски стабилни. Децата да ни се насмеани. Македонија да биде општество на среќни граѓани. Да ја водат мудри и ведри луѓе, кои сакаат и знаат како да се издигнат над своите интереси. Тоа е нашата задача и тоа ќе го направиме. Македонија ќе ја поставиме на здрави основи. Ќе подигнеме институции за граѓаните. Ќе се отвориме за сите. И за оние со кои марширавме по улиците, и за оние со кои одлучувавме за добрата иднина на Македонија, и за Цако, и за младите фудбалери како Енис, и за тие како Филип, Коста, Дарко, Елена… и уште многумина други млади луѓе кои ги бранеа боите на Македонија во светот, додека ние тоа го правевме дома“, рече лидерот на СДСМ во новогодишното обраќање.

„Ние знаеме дека шансите што ќе ги отвориме за секој човек, се прозорец за целото општество. И знаеме дека перспективите на Македонија се во концепотот на заедништво што го избравме. Секој беше важен. Секој е важен. И секој ќе биде важен. Продолжуваме заедно. Нека ни е среќна новата 2017-та година“, порача Заев во новогодишното обраќање.