Парно греење и за неприклучените згради во Хиподром и Триангла

parno

Зградите во населбите Хиподром и Триангла во општина Гази Баба коишто не се приклучени на парно греење да можат да ја користат инсталираната топлинска енергија.

За оваа можност денеска разговараа градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, директорот на ЕЛЕМ Енергетика Марјан Милошевски и претседателите на заедниците на станари од Хиподром и Триангла од објектите кои се за нов приклучок.

– Општината и ЕЛЕМ Енергетика ќе направат проектирање и довод на топлинската енергија до зградите и становите, со што во голема мера би се подобрило затоплувањето на становите. Ваквиот начин на затоплување би влијаел на подобрување на еколошката состојба во овие населени места, соопшти општина Гази Баба